ИнтернационалциФудбалФутсал

Проект загуби: Можеше против шампионот на Австрија, но не и против судиите

Сподели
Сподели

Македонскиот футсал шампион Проект со пораз ја започна европската авантура во претквалификациите за Лигата на шампионите, откако во „Bluebox Arena“ беше совладан од домаќинот Атлетик Клуб Грац со 6:0.

Резултатот, сепак, не ја отсликува целосно сликата од натпреварот, особено ако се земат предвид случувањата на теренот и низа судиски одлуки кои предизвикаа реакции од македонскиот табор и публиката во салата, а на голема штета на Проект.

  • Сериозни реакции на судењето

Прв судија на натпреварот беше Срѓан Михајловиќ од Србија, а токму неговото делење на правдата предизвика големо незадоволство кај македонскиот шампион.

Од таборот на Проект имаат сериозни забелешки за повеќе судиски одлуки во текот на натпреварот, а особено реакција предизвика црвениот картон за Димитриев во 29. минута.

Жоао Педро Перејра Синвал од Португалија беше втор судија, а трет судија беше Лаурентиу Илие.

И публиката во салата реагираше на дел од одлуките на судијата, а атмосферата дополнително се вжешти во моментите кога Проект се обидуваше да остане во натпреварот и наметна темпо.

Проект е македонски концепт кој вечерва покажа дека може да се носи со шампионот на Австрија, но во одредени моменти не успеа да се носи и со околностите на теренот.

  • Грац ја искористи својата шанса

Австрискиот шампион, сепак, беше исклучително ефикасен и ги искористи своите можности.

Буковец постигна дури три гола – во 20-тата секунда, 18:59 и 30:09 минута, Јуриќ погоди во 31:13, додека Ковачиќ двапати се запиша во листата на стрелци – во 34:17 и 35:34 минута.

Проект имаше 27 удари кон голот, наспроти 40 на Грац, а македонскиот шампион изведе и шест корнери.

На голот на Проект беше Антонио Петровски, кој со своите интервенции собра доста аплаузи од публиката.

  • Нема време за разочарување – утре е нов ден

По вечерашниот пораз, Проект веднаш мора да го насочи фокусот кон следниот натпревар.

Македонскиот шампион утре од 17:30 часот ќе се соочи со шампионот на Словенија, Врхника, во вториот натпревар од групата А.

🇲🇰 Проект – Врхника 🇸🇮

📅 27 август

🕠 17:30 часот

Европската приказна не завршува со првиот натпревар. Проект има уште два натпревари пред себе и можност да покаже што навистина може на европската сцена.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Ракомет

Томовски повторно двоцифрен, Македонецот продолжува да блеска во Бундеслигата!

Мартин Томовски повторно имаше значајна улога меѓу стативите за Битигхајм, иако неговиот тим остана без бодови во дуелот со Хановер. Гостите славеа со...

Прва лигаФудбал

Вардар се врати на победите, 2:0 против Шкендија Арачиново – крај на победничката серија на дебитантот

Вардар се врати на победничките патеки во Првата македонска фудбалска лига, откако во рамките на 8. коло на домашен терен со 2:0 ја...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Вардар се врати на победите, 2:0 против Шкендија Арачиново – крај на победничката серија на дебитантот

Вардар се врати на победничките патеки во Првата македонска фудбалска лига, откако...

Прва женска фудбалска лигаФудбал

Пелистер со петта победа во низа, Каменица Саса убедлива против АС Јунајтед

Пелистер продолжува со одличните настапи во Првата македонска женска фудбалска лига, откако...

Втора лигаФудбал

ФОТО: Пелистер го доби дербито со Охрид, ново реми на Беласица, победа за Новаци, бод за Осогово

Шестото коло на Втора лига го донесе и дербито меѓу ланските прволигаши...

Прва женска фудбалска лигаФудбал

Галабовска со седум гола: Тиверија Брера ја декласира Речица со 17:2

Тиверија Брера забележа убедлива победа во 6. коло од Првата македонска женска...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!