Втора лигаФудбал

ФОТО: Пелистер го доби дербито со Охрид, ново реми на Беласица, победа за Новаци, бод за Осогово

Сподели
Сподели

Шестото коло на Втора лига го донесе и дербито меѓу ланските прволигаши Македонија ЃП и Работнички, каде гостинот со голот на Андреј Кудијан славеше победа од 0:1.

Пелистер славеше во дербито со Охрид, со што “рибарите” забележаа прв сезонски пораз губејќи со минимални 1:0.

Стрелец на победничкиот гол беше Кире Стојков.

Камјани на домашен терен со Детонит Плачковица забележа победа од минимални 1:0 со голот на Арсим Љамалари.

За Бурхан Емурлаи ова беше последен меч како тренер на Камјани, кој кариерата ја продолжува во Азербејџан.

Во Гевгелија екипата на Кожуф пред верните “Фантоми” во дуелот со Новаци забележа пораз, за гостинот ова е втора победа во низа, а стрелец беше Христијан Драгарски.

Беласица против Еуромилк ГЛ го забележа четвртото последователно реми откако одигра 0:0 против “лисиците”.

Раководството на клубот од Горно Лисиче се насочува кон решавање на тренерското столче кое е празно, откако Јован Трајков си поднесе оставка.

Осогово во Тетово со Тетекс одигра 0:0 и освои бод, за “штофарите” ова е второ реми во низа по ремито во Струмица со Беласица.

Колото се комплетира утре со мечот во Струмица меѓу Брера и Шкупи.

Сподели

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ Скопје го доби дербито со ТФТ: „Металците“ до трет триумф, гостите за малку до пресврт!

МЗТ Скопје Аеродром продолжува со максимален учинок во новата сезона на МТЕЛ Суперлигата. Актуелниот шампион го совлада ТФТ со 70:66 во дербито од...

ФудбалФутсал

Прволигашот Кеги Моби се засили меѓу стативите со Филип Гигов

Екипата на Кеги Моби за новата сезона во Првата футсал лига се засили на голманската позиција со Филип Гигов, кој доаѓа од КМФ...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Прволигашот Кеги Моби се засили меѓу стативите со Филип Гигов

Екипата на Кеги Моби за новата сезона во Првата футсал лига се...

ФудбалФутсал

Проект покажа шампионски карактер преку пресврт славеше над СЕЕ Университи, два гола за Трајче Димитриев

Нов триумф за шампионот Проект кој преку пресврт славеше над повратникот во...

Втора лигаФудбал

Пилешков го доби струмичкото дерби, Пројковска ќе им суди на Камјани и Кожуф, Качевски главен во Битола

Осмото коло на Втората македонска фудбалска лига се отвара утре со пет...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!