Ракомет

Томовски повторно двоцифрен, Македонецот продолжува да блеска во Бундеслигата!

Сподели
SG BBM Bietigheim | facebook
Сподели

Мартин Томовски повторно имаше значајна улога меѓу стативите за Битигхајм, иако неговиот тим остана без бодови во дуелот со Хановер. Гостите славеа со 31-29 на гостински терен.

Македонскиот репрезентативен голман натпреварот го заврши со 12 одбрани (30% успешност), со што уште еднаш потврди дека се наоѓа во одличен ритам на почетокот од сезоната.

ФОТО: SG BBM Bietigheim | facebook

Томовски има вкупно 53 интервенции досега во Бундеслигата, бројка со која се наоѓа на второто место меѓу голманите, а пред него е само Давид Шпет од Рајн Некар Левен.

И покрај поразот од еден од фаворитите, македонскиот чувар на мрежата продолжува да биде еден од најзабележителните голмани во германското првенство.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ Скопје го доби дербито со ТФТ: „Металците“ до трет триумф, гостите за малку до пресврт!

МЗТ Скопје Аеродром продолжува со максимален учинок во новата сезона на МТЕЛ Суперлигата. Актуелниот шампион го совлада ТФТ со 70:66 во дербито од...

ФудбалФутсал

Прволигашот Кеги Моби се засили меѓу стативите со Филип Гигов

Екипата на Кеги Моби за новата сезона во Првата футсал лига се засили на голманската позиција со Филип Гигов, кој доаѓа од КМФ...

Поврзани написи
Ракомет

Ѓуриќ: Сите сме максимално фокусирани, ќе дадеме сè од себе да ги освоиме бодовите против Куманово

Атмосферата во соблекувалната на Младост е одлична, потврди Ѓорѓе Ѓуриќ пред денешниот...

Ракомет

Македонски судии со европска задача во Полска: браќата Илиевски делегирани за меч од ЕХФ Купот

Македонските ракометни судии продолжуваат со ангажманите на меѓународната сцена. Методија и Михајло...

Ракомет

Костов е сè уште прв стрелец во Супер лигата, а Матео Фадхуиле и Даниел Андоновски веднаш зад него!

Наум Костов од МРК Куманово е водечкиот стрелец во македонската ракометна Супер...

Ракомет

Ловро Јотиќ се враќа на терените и потпиша за Стеауа Букурешт!

Хрватскиот среден бек Ловро Јотиќ има нова станица во кариерата. Искусниот 31-годишен...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!