Трета лигаФудбал

Речица ќе ја пречека Дрита, Јехона против Лирија, Љуботен сака нови три бода

Сподели
ФОТО: K.F Jehona Përshefcë
Сподели

Во ист термин од 16 часот, денес ќе бидат одиграни натпреварите од второто коло на Трета лига регион 6.

Градец по поразот во првото коло на домашен терен во Врапчиште ќе бара три бодови против Гостивар, кој победнички ја отвори сезоната.

Џепчиште на домашен терен ќе се соочи со Љуботен, ова е дуел каде домаќинот со тежок пораз ја отвори сезоната, а гостинот беше убедлив.

Во Дебар ќе се соочат Кораб и Цетинска, дуел во кој домашниот тим ќе се обиде да дојде до првата победа, а гостинот ќе сака нова победа по одличниот старт кога на домашен терен го декласираше Џепчиште.



Доброшти ќе игра против Скендербег, натпревар на две екипи кои со победа ја отворија сезоната, Јехона на свој терен ќе го пречека тимот на Лирија, а пак Речица ќе игра против Дрита од Боговиње, во неизвесно соочување за трите бодови.

Во рамки на оваа коло слободна ќе биде екипата на Вардар од Брвеница.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Станковски: Задоволен сум од настапот на Мундијалот, генерација со многу талентирани играчи

Репрезентација на Македонија до 15 години (генерација 2011) во периодот од 22. октомври до 1. ноември беше дел од Светското првенство во натпреварувањето...

Ракометна репрезентацијаРепрезентација

Шведска ја запре Грција на 24 гола, Македонија во Халкида може да ѝ побегне четири бода

Грција ќе ја пречека Македонија без бодови во квалификациите за Европското првенство во 2028 година. Вечерва во Векше, грчките ракометари загубија од Шведска...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Ѓорѓиев главен во Кочани, Смоквоски ќе им суди на Тетекс и Еуромилк, Јовановски патува во Новаци

Во сабота ќе бидат одиграни седумте натпревари од 11. коло на Втората...

Младински фудбалФудбал

Шкендија му даде шест на Тетекс и се доближи на четири бода до Вардар

Шкендија го доби тетовското дерби против Тетекс со 6:0 во 11. коло...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!