Прва женска фудбалска лигаФудбал

Галабовска со седум гола: Тиверија Брера ја декласира Речица со 17:2

Сподели
Сподели

Тиверија Брера забележа убедлива победа во 6. коло од Првата македонска женска фудбалска лига, совладувајќи ја Речица со неверојатни 17:2 на домашен терен во Струмица. Ова е највисоката победа на Тиверија Брера досега во сезоната 2026/27, а според резултатот претставува и еден од највпечатливите триумфи во досегашниот тек на женскиот шампионат.

Струмичанки од самиот почеток воспоставија целосна контрола и уште во првото полувреме го решија прашањето околу победникот. Но, и покрај огромната предност, Тиверија Брера не застана. На полувремето стручниот штаб направи целосна промена на составот, давајќи им шанса на помладите фудбалерки, но и со изменетиот состав домаќинот продолжи да ја полни мрежата на Речица.

Во центарот на вниманието беше 18-годишната репрезентативка и голем талент на Тиверија Брера, Теона Галабовска. Младата струмичанка одигра фантастичен натпревар и постигна дури седум гола, со што беше најзаслужна за убедливиот триумф.

Покрај Галабовска, во листата на стрелците се запиша и Билјана Паневска со три погодоци, додека Розита Пецева и Ане Бошеска постигнаа по два. По еден гол постигнаа Павлинка Николовска и новото засилување од Канада, Одуро, а Стефанија Стојановиќ си постигна и автогол.

За гостинската екипа двата гола беа дело на Вања Ристиќ.

Резултатот 17:2 е јасен показател за тоталната доминација на Тиверија Брера, која покажа дека поседува квалитет и ширина во составот, особено со оглед на фактот дека и помладите фудбалерки добија значајна минутажа во вториот дел.

Струмичкиот клуб во последните сезони редовно беше во самиот врв на македонскиот женски фудбал и неколкупати беше блиску до освојување на шампионската титула. Минатата сезона Тиверија Брера го освои Купот на Македонија, а оваа сезона со досегашните настапи испраќа јасна порака дека амбициите се уште поголеми.

По ваквиот триумф, Тиверија Брера најавува сериозна битка за првата историска шампионска титула, а младата Галабовска со својата голгетерска експлозија дополнително покажа дека струмичкиот состав има сериозен потенцијал и за иднината.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Ракометна репрезентацијаРепрезентација

Шведска ја запре Грција на 24 гола, Македонија во Халкида може да ѝ побегне четири бода

Грција ќе ја пречека Македонија без бодови во квалификациите за Европското првенство во 2028 година. Вечерва во Векше, грчките ракометари загубија од Шведска...

Втора лигаФудбал

Ѓорѓиев главен во Кочани, Смоквоски ќе им суди на Тетекс и Еуромилк, Јовановски патува во Новаци

Во сабота ќе бидат одиграни седумте натпревари од 11. коло на Втората македонска фудбалска лига. Сите мечеви ќе стартуваат во 13 часот. Познати...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Ѓорѓиев главен во Кочани, Смоквоски ќе им суди на Тетекс и Еуромилк, Јовановски патува во Новаци

Во сабота ќе бидат одиграни седумте натпревари од 11. коло на Втората...

Младински фудбалФудбал

Шкендија му даде шест на Тетекс и се доближи на четири бода до Вардар

Шкендија го доби тетовското дерби против Тетекс со 6:0 во 11. коло...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!