Ракомет

Вардар без проблеми го освои Богданци, Младост немоќен за изненадување

Сподели
Сподели

Актуелниот шампион Вардар рутински ја заврши задачата против Младост, славејќи со 44-34 во натпреварот кој, по договор меѓу двата клуба, наместо во Скопје се одигра во Богданци. На полувремето „црвено-црните“ имаа убедлива предност од 25-14.

За домаќините ова беше можност повторно да го пречекаат Вардар во својот град, потсетувајќи се на периодот од пред повеќе од една деценија кога скопскиот клуб редовно гостуваше во Богданци. На теренот, сепак, разликата во квалитет беше очигледна, па Младост не успеа да создаде вистинска неизвесност.

Вардар уште во првото полувреме направи двоцифрена разлика и практично ги реши сите дилеми околу победникот. Иако во продолжението Младост на моменти успеваше да го намали заостатокот под десет гола, гостите без поголеми проблеми го контролираа натпреварот и во финишот повторно ја потврдија високата предност.

И без дел од стандардните првотимци – Лазаревски, Педро, Бомаштар, Воркапиќ, Кеита и Стојановски – Вардар имаше доволно квалитет за убедлив триумф. Во второто полувреме своја шанса добија и младите Бобан Поповски, Марко Ѓорчевски и Николче Нечовски, кои добија значајна минутажа.

Ова беше меч каде младите ракометари добиваат шанса за драгоцено искуство со противник како Вардар.

Матео Фадуил беше прв стрелец на натпреварот со 13 гола, додека Љевар додаде осум за Вардар. Кај Младост, Тодор Узунчев постигна осум погодоци, а Владимир Бојаниќ седум. На крајот, Вардар ја задржа двоцифрената разлика и постигна 44 гола за нова победа.

Салата “Млаз” наликуваше како во добрите стари времиња кога Младост редовно играше и во Европа.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ Скопје го доби дербито со ТФТ: „Металците“ до трет триумф, гостите за малку до пресврт!

МЗТ Скопје Аеродром продолжува со максимален учинок во новата сезона на МТЕЛ Суперлигата. Актуелниот шампион го совлада ТФТ со 70:66 во дербито од...

ФудбалФутсал

Прволигашот Кеги Моби се засили меѓу стативите со Филип Гигов

Екипата на Кеги Моби за новата сезона во Првата футсал лига се засили на голманската позиција со Филип Гигов, кој доаѓа од КМФ...

Поврзани написи
Ракомет

Ѓуриќ: Сите сме максимално фокусирани, ќе дадеме сè од себе да ги освоиме бодовите против Куманово

Атмосферата во соблекувалната на Младост е одлична, потврди Ѓорѓе Ѓуриќ пред денешниот...

Ракомет

Македонски судии со европска задача во Полска: браќата Илиевски делегирани за меч од ЕХФ Купот

Македонските ракометни судии продолжуваат со ангажманите на меѓународната сцена. Методија и Михајло...

Ракомет

Костов е сè уште прв стрелец во Супер лигата, а Матео Фадхуиле и Даниел Андоновски веднаш зад него!

Наум Костов од МРК Куманово е водечкиот стрелец во македонската ракометна Супер...

Ракомет

Ловро Јотиќ се враќа на терените и потпиша за Стеауа Букурешт!

Хрватскиот среден бек Ловро Јотиќ има нова станица во кариерата. Искусниот 31-годишен...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!