Трета лигаФудбал

Влазерими фаворит за три бодови, Крошу Спорт сака победа над Преспа, Чардак од Велгошти на мегдан со кичевски Напредок

Сподели
ФОТО: K.F Vëllazërimi 1977
Сподели

Во воведниот меч од второто коло на Трета лига регион 5 екипата на Крошу Спорт на домашен терен сака да ги освои трите бодови во дуелот со ланскиот второлигаш Преспа, откако тимот од Преспа во првото коло доживеа вистински дебакл губејќи со 0:4 од Чардак.

Утре се играат останатите пет средби. Демир Хисар на домашен терен ќе има тешка задача против Влазерими, во дуел каде гостинот од Кичево го игра првиот меч во новата сезона откако во првото коло беше слободен, а ќе ја има и улогата на фаворит за трите бодови.

Дебитантот Чардак од Велгошти на домашен терен ќе има неизвесен предизвик против кичевски Напредок. Тимот од Велгошти е максимално мотивиран по убедливата победа во Ресен, а гостинот од Кичево сака продолжува на победничката серија.

Могила по поразот во Струга на домашен терен ќе бара позитивен резултат против Баир Спорт, Кравари ќе игра дерби со Света Троица за три бодови, додека пак во Ношпал екипата на Напредок ќе го пречека Караорман.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

РакометРакометна репрезентација

Лазаров пред нов предизвик: Можно е да ја преземе и младинската репрезентација!

Македонскиот ракомет би можел да добие интересна селекторска комбинација пред Светското првенство за ракометари до 21 година, кое следното лето ќе се одржи...

Ракомет

Охрид е прв фаворит во ЕХФ Европскиот Куп, Алкалоид веднаш зад водечката тројка!

Европската ракометна федерација ги објави проценките за силата на 64-те екипи кои продолжуваат во ЕХФ Европскиот Куп, пред натпреварите од второто коло. Македонските...

Поврзани написи
Фудбал

ФК „Карпошово“ покажа дека фудбалот е за сите – балканска титула за македонскиот тим!

Фудбалскиот тим ФК „Карпошово“, составен од спортисти со Даунов синдром и лесна...

КупФудбал

КУП: Брера против Арсими, Струга Трим Лум ја доби Беласица, Вардар со Тиквеш

Во „Куќа на фудбалот“ во присуство на претставници на клубовите учесници, денеска...

Втора лигаФудбал

Осмото коло на Втора лига ќе се игра во два дена со два мечеви под рефлектори

Осмото коло на Втората македонска фудбалска лига ќе се игра во два...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!