Ракомет

(ФОТО) 49 години РК Младост Богданци – традиција, борба и љубов кон ракометот!

Сподели
Сподели

На 26 август 1977 година е испишана првата страница од приказната која денес трае веќе 49 години. Приказната за РК Младост 1977 Богданци – клуб кој одамна е многу повеќе од спортски колектив и кој низ децении стана еден од симболите на Богданци и македонскиот ракомет.

Името Младост не е случајно. Клубот го добил името по младината – по младите деца од Богданци кои спортувале и за кои ракометот бил место каде што ги правеле првите спортски чекори. Токму тие генерации ја поставиле основата на една традиција која денес ја продолжуваат нови деца и млади ракометари.

Низ својата историја, Младост поминал низ многу победи, порази, подеми и падови, но и низ исклучително тешки периоди. Имало моменти кога клубот бил пред целосно згаснување, но Младост секогаш успевал повторно да се издигне и да продолжи да живее.

Една од најсветлите страници во историјата се периодите кога богданчани редовно го претставуваа клубот и градот и на европската сцена. Настапите во Европа беа потврда дека од една мала средина може да произлезе клуб со голема ракометна традиција и амбиција.

А денес, 49 години подоцна, Младост повторно го враќа стариот сјај на ракометот во Богданци.

По минатогодишниот успех и пласманот во Суперлигата преку бараж, богданчани повторно се дел од највисокиот ранг на македонскиот ракомет. Со враќањето во елитата се врати и онаа препознатлива ракометна енергија во градот – полните трибини, поддршката од публиката и чувството дека Младост повторно е таму каде што му припаѓа.

Но, приказната не е само за сениорскиот тим. Таа продолжува преку младинските категории, каде што новите генерации го облекуваат сино-белиот дрес и ги прават своите први чекори во спортот.

Токму во тоа е и суштината на Младост – да создава млади ракометари, да им даде шанса, да ги воспитува преку спортот и да ја пренесува традицијата од една на друга генерација.

Од 1977 година до денес, клубот преживеал безброј предизвици. Секогаш кога изгледало дека е на најтешката точка, Младост наоѓал сила повторно да се крене и секогаш имал полна трибина поддршка, на секој меч – доказ дека Богданци живее за ракометот.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Трета лигаФудбал

(ФОТО) Победа со „петарда“ за Ултрас пред полн стадион, Никола Толевски го расплака Борец со гол во 91. минута, Росоман до три бода

Прилепска Победа забележа уште еден висок триумф откако во рамките на 8. коло на Трета лига регион 2 пред домашната публика го декласираше...

Трета лигаФудбал

(ФОТО) Речица на крилата на Дарио Јакимовски го доби Влазними од Оризари

Речица со минимална победа од 1:0 над Влазними од Оризари го отвори 8. коло на Трета лига регион 2. Херој на единствениот погодок...

Поврзани написи
Ракомет

Митревски и Тодоровски со нова меѓународна задача, ќе судат на дуелот Италија – Словачка

Македонските ракометни судии Димитар Митревски и Благојче Тодоровски продолжуваат со меѓународните обврски,...

Ракомет

Браќата Илиевски со европско делегирање, ќе судат на дуелот Холандија – Финска

Македонското судење ќе има уште еден претставник на меѓународната сцена во претстојниот...

РакометРакометна репрезентација

Без македонски судии на СП 2027, ИХФ ги објави делителите на правдата!

Светското првенство во ракомет во 2027 година ќе мине без македонски судиски...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!