Ракомет

Алкалоид се бореше, Партизан славеше: Гостите со триумф во Автокоманда

Сподели
ФОТО: РК Алкалоид
Сподели

Алкалоид не успеа да ја круниса премиерата пред домашната публика во Регионалната лига со победа. Скопскиот тим вечерва во Автокоманда загуби од Партизан со 31-39, во натпревар во кој гостите го скршија отпорот на домаќинот во второто полувреме.

Првите 30 минути донесоа рамноправна борба. Алкалоид во поголемиот дел од полувремето беше во негатива, но не дозволуваше Партизан да се одлепи. Српскиот состав на пауза замина со само два гола предност, 15-17, оставајќи го натпреварот целосно отворен.

По враќањето на теренот, Партизан постепено ја презеде контролата. Неколку загубени топки и грешки во нападот кај домаќинот му овозможија на противникот да направи посериозна разлика, па во еден момент резултатот беше 25-29.

Алкалоид не се предаде и во неколку наврати успеваше да се доближи на само два или три гола негатива, но немаше доволно концентрација и енергија за целосен камбек. Партизан го искористи тоа и во завршницата дополнително ја зголеми предноста, стигнувајќи до конечни 31-39.

Дополнителен проблем за тимот предводен од Кирил Лазаров беа кадровските отсуства. Алкалоид настапи без пивотите Сухолежник и Карасманакис, како и Велковски и Петковски.

Најефикасен ракометар на натпреварот беше Аљоша Дамјановиќ со десет гола. Кај Алкалоид, Костески реализираше шестпати, додека Цехте постигна пет гола.

За скопскиот состав следува нов предизвик во Регионалната лига, а противник во наредното коло ќе биде црногорскиот шампион Ловќен.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Ракомет

Младост го декласираше Текстилец среде Штип: Антонио Каракабаков со 15 гола, Стојан Иванџиков постигна 11

Ракометарите на Младост 1977 од Богданци забележаа убедлива победа од 21:38 над Текстилец среде Штип во меч од 8. коло на Кадетската ракометна...

Прва женска фудбалска лигаФудбал

Тиверија Брера може да го притисне врвот пред дербито Љуботен – Скопје

Дербито за првото место се игра во вторник, но притисокот врз водечките екипи може да порасне уште утре. Тиверија Брера ја пречекува Каменица...

Поврзани написи
Ракомет

Младост го декласираше Текстилец среде Штип: Антонио Каракабаков со 15 гола, Стојан Иванџиков постигна 11

Ракометарите на Младост 1977 од Богданци забележаа убедлива победа од 21:38 над...

Ракомет

Бутел конечно се израдува, Стоилов до првиот суперлигашки триумф!

Ракометарите на Бутел Скопје ја прекинаа серијата без победа во домашниот шампионат...

Ракомет

Митревски и Тодоровски со нова меѓународна задача, ќе судат на дуелот Италија – Словачка

Македонските ракометни судии Димитар Митревски и Благојче Тодоровски продолжуваат со меѓународните обврски,...

Ракомет

Браќата Илиевски со европско делегирање, ќе судат на дуелот Холандија – Финска

Македонското судење ќе има уште еден претставник на меѓународната сцена во претстојниот...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!