Прва женска фудбалска лигаФудбал

Пелистер со петта победа во низа, Каменица Саса убедлива против АС Јунајтед

Сподели
Сподели

Пелистер продолжува со одличните настапи во Првата македонска женска фудбалска лига, откако битолчанки стигнаа до петтата сезонска победа во низа. Во рамките на 6. коло, Пелистер славеше со 1:2 на гостувањето кај Кочани.

По првото полувреме без голови, Михаела Марковска ја презеде одговорноста и со два погодоци му донесе предност од 0:2 на Пелистер. Кочани успеа да намали во 84. минута преку искусната Катарина Милеска, но немаше доволно време за целосен камбек.

На убедлив начин до нови три бода стигна и Каменица Саса, која на Градскиот стадион во Македонска Каменица со 5:0 го совлада АС Јунајтед од Струга.

Главна фигура во триумфот на Саса беше капитенката Ана Димитровска, која постигна дури четири гола, додека еден погодок додаде бугарската интернационалка Антонина Шопска.

Во останатите натпревари од 6. коло, Тиверија Брера со неверојатни 17:2 ја совлада Речица, натпревар за кој Спортска Мрежа веќе објави детален извештај , со седумте гола на 18-годишната Теона Галабовска како посебен белег.

Шампионот Скопје, пак, вчера со 4:0 славеше против Истатов и продолжи со успешните настапи во сезоната.

Колото ќе биде комплетирано утре во Тетово, каде што Љуботен ќе го пречека Вардар.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Ракомет

Ракометен празник во Богданци: Легендарната „Млаз“ ќе ги пречека младите ракометни надежи на турнирот У13!

Богданци повторно ќе биде во центарот на ракометните случувања, овојпат со најмладите ракометари. Во недела, 8 ноември, спортската сала „Млаз“, која има голема...

Останато

Македонска Каменица ќе биде домаќин на историско шаховско првенство – најдобрите млади шахисти ќе се борат за државните титули!

Македонска Каменица на 22 ноември ќе биде центар на младинскиот шах во Македонија. За првпат ќе се одржи Државното првенство во забрзан шах...

Поврзани написи
Младински фудбалФудбал

Шкендија му даде шест на Тетекс и се доближи на четири бода до Вардар

Шкендија го доби тетовското дерби против Тетекс со 6:0 во 11. коло...

Младински фудбалФудбал

Скопје го пречекува Пелистер со шанса да го стигне на врвот во Пионерската суперлига

Три бода ги делат Пелистер и Скопје пред директната пресметка во 11....

ИнтернационалциФудбал

Тежок пораз за Брера Струмица во Германија, Хофенхајм со девет гола го заврши европскиот сон на струмичките младинци!

Македонскиот младински шампион Брера Струмица го заврши својот настап во младинската Лига...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!