Ракомет

Македонската репрезентативка Сара Миновска пред прв интернационален трансфер

Сподели
Сподели

Македонската ракометарка Сара Миновска би можела да ја продолжи кариерата надвор од границите на Македонија. Според информациите на Спортска Димензија, за левото крило постои сериозен интерес од неколку странски клубови, а најреална опција во моментов е преселба во Словачка, каде што би го реализирала својот прв интернационален трансфер.

Миновска важи за брза и борбена ракометарка, која успешно ги извршува задачите и во напад и во одбрана, што ја прави значајно засилување за секој тим.

Вториот дел од минатата сезона го мина во редовите на Чаир, каде што пристигна од Металург Автокоманда. Претходно настапуваше и за Вардар, клуб во кој беше препознаена како една од најперспективните македонски ракометарки на позицијата лево крило.

На репрезентативен план Миновска има настапи за младинската и сениорската селекција на Македонија. Еден од нејзините најголеми успеси беше настапот на ЕХФ шампионатот во Скопје во 2021 година, кога беше избрана за најдобро лево крило на турнирот, признание кое уште тогаш го потврди нејзиниот голем потенцијал.



Доколку најавите се реализираат, трансферот во Словачка ќе биде првиот интернационален предизвик во кариерата на Сара Миновска и нов чекор во нејзиниот развој на меѓународната сцена. Според информациите на Спортска Димензија, конечната одлука околу нејзината иднина се очекува во наредниот период.



Сподели

Не пропуштајте

ФудбалЧетврта лига

ФОТО: Готен пред верната публика во Подареш го декласираше Илинден од Добрејци со ШЕСТ гола

Четвртолигашот Готен од радовишкото село Подареш продолжува со подготовките за враќањето на фудбалската сцена, а во последниот пријателски натпревар пред стартот на сезоната...

Останати репрезентацииРепрезентација

(ФОТО) Историски успех за Изабела Зајков: Бронза на Светското првенство во самбо!

Голем успех за македонското самбо и македонскиот спорт! 15-годишната радовишанка Изабела Зајков освои бронзен медал на Светското првенство во самбо за кадети, кое...

Поврзани написи
РакометРакометна репрезентација

Македонија со познати термини за битката за ЕП 2028!

Македонската ракометна репрезентација во ноември ќе го започне патот кон Европското првенство...

Ракомет

Еурофарм Пелистер се рехабилитира со убедлива победа кај Бутел

Еурофарм Пелистер вчера стигна до сигурна победа во Супер машката лига, откако...

Ракомет

Томовски повторно ,,непробоен ѕид”: 14 одбрани против Фуксе Берлин!

Мартин Томовски продолжува да ја потврдува својата одлична форма во Бундеслигата. Македонскиот...

Ракомет

Драма до последна секунда: Прилеп и Струга си поделија по бод!

Прилеп и Струга одиграа неизвесен натпревар во 5. коло од Супер машката...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!