ФудбалЧетврта лига

ФОТО: Готен пред верната публика во Подареш го декласираше Илинден од Добрејци со ШЕСТ гола

Сподели
Сподели

Четвртолигашот Готен од радовишкото село Подареш продолжува со подготовките за враќањето на фудбалската сцена, а во последниот пријателски натпревар пред стартот на сезоната во Општинската фудбалска лига во Струмица забележа убедлива победа од 6:0 против Илинден од струмичко Добрејци.

Средбата се одигра во Подареш, каде домашниот состав уште од самиот почеток наметна свое темпо и покажа дека во новата сезона влегува со сериозни амбиции. Готен на полувремето имаше висока предност од 4:0, а во вториот дел постигна уште два гола за конечни 6:0.

Покрај резултатот, за Готен оваа средба беше уште една можност да ја провери формата и да ги заокружи подготовките пред почетокот на натпреварувачките обврски. Екипата преку серија пријателски натпревари се подготвува за новата сезона во Општинската фудбалска лига – Струмица.

Посебно внимание привлекува фактот што по долги години ФК Готен повторно се реактивира и се враќа на фудбалската карта. Клубот од Подареш со пријателските натпревари постепено го враќа фудбалскиот дух во селото и се подготвува за ново поглавје.

Дека враќањето на Готен предизвикува голем интерес покажува и посетеноста на натпреварот со Илинден. Публиката во Подареш во голем број дојде да го проследи мечот, што е уште една потврда дека со нетрпение се очекува почетокот на новата сезона и официјалното враќање на Готен на зелените терени.

Поддржи ја Спортска Мрежа со симболична донација и помогни ни да продолжиме со промоцијата на македонскиот спорт

Со овој натпревар завршува серијата пријателски средби за Готен. Следниот предизвик ќе биде официјалниот натпревар од првото коло во Општинската фудбалска лига – Струмица, со што за клубот од Подареш и официјално ќе започне новата фудбалска приказна.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Ракомет

Алкалоид со нова убедлива победа над Ферлах за пласман во следната рунда!

Ракометарите на Алкалоид продолжуваат со сигурни чекори во ЕХФ Европскиот Куп, откако и на гостински терен убедливо го совладаа австрискиот Келаг Ферлах, овојпат...

ФудбалФутсал

Мал Ајакс го преживеа Кратово и во Штип се враќа со три бода

Повеќе од неизвесен беше дуелот на Кратово и Мал Ајакс, каде гостинот од Штип кој лани испадна од елитата славеше со 2:3, во...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Мал Ајакс го преживеа Кратово и во Штип се враќа со три бода

Повеќе од неизвесен беше дуелот на Кратово и Мал Ајакс, каде гостинот...

Трета лигаФудбал

Прв „кикс“ на Победа, Млекар до првиот бод, Бучин слави над Победа од Пепелиште

Прилепска Победа го направи првиот „кикс“ откако одигра 0:0 против Венец во...

Трета лигаФудбал

Лирија го доби Љуботен, Доброште со убедлива победа до три бода

Лирија на домашен терен во Желино славеше над Љуботен со 3:0 во...

КупФудбал

Познати термините за осминафиналето во Купот на Македонија

Познато е кога ќе се одиграат осминафиналните натпревари од Купот на Македонија,...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!