Втора женска фудбалска лигаФудбал

ЕКСКЛУЗИВНО ЗА СПОРТСКА МРЕЖА: ЖФК Менада ги откри амбициите – целта е Прва лига, ќе се гради клуб за шампионска иднина!

Сподели
Сподели



Новоформираниот тетовски женски фудбалски клуб Менада ќе дебитира во новата сезона во Втората македонска женска фудбалска лига, а раководството на клубот во ексклузивен разговор за Спортска Мрежа ги откри плановите, амбициите и визијата за развој на клубот во наредниот период.

Иако станува збор за дебитант, од ЖФК Менада имаат јасно поставен проект. Како што велат од клубот, примарната цел е најнапред да се изградат стабилни темели, а потоа постепено да се создаде клуб кој во следните четири до пет години ќе биде кандидат за шампионската титула во македонскиот женски фудбал.

„Како нов клуб кој ќе се натпреварува во Втората македонска женска лига целите на клубот се најпрвин да се стабилизираме како клуб да поставиме цврсти темели врз кој во иднина секако сакаме да прераснеме во еден од водечките клубови во нашата држава и истото ќе го градиме скалило по скалило и согласно проектот кој што го имаме клубот за 4-5 години ќе се обиде да ја нападне шампионската титула. Во однос на ростерот во првава сезона ќе имаме еден микс на младост и искуство со неколку проверени прволигашки играчи кој долги години играле во првата лига и се своевремено младински и сениорски репрезентативки како и млади и надежни фудбалерки кој гравитираат во овој регион. Во однос на тренерското прашање во преговори сме со два искусни и проверени тренери кој во следните неколку дена а до стартот на подготовките треба да потврдат и за кој навремено ќе информираме.“

Покрај резултатските амбиции, Менада сака да стане клуб кој ќе создава сопствени фудбалерки. Од клубот потенцираат дека ќе се работи паралелно на развојот на младите категории, но и на формирање конкурентен сениорски тим кој веднаш ќе атакува на влез во Првата женска лига.



„Клубот паралелно ќе работи на создавање на млади таленти кои ќе бидат базата и иднината на ЖФК Менада но во прв момент ќе ангажираме и искусни и проверени прволигашки играчи со цел влез во првата лига за таа цел веќе ангажиравме и неколку како голманката Марија Ничоска, Деспина Пауновиќ, Брикена Шаќири… а во периодот кој следи очекуваме тимот да го засилат уште 5-6 искусни прволигашки играчи со кој сме во завршни преговори па надополнети со плејадата млади играчи да ја нападнеме првата лига.“

Во изминатиот период клубот веќе ги претстави првите две официјални засилувања. Нов чувар на мрежата е поранешната младинска репрезентативка Марија Ничоска, 23-годишна голманка од Тетово која пристигнува од Ас Јунајтед, а претходно настапуваше за Интернационал, Истатов, Топ Гол, Љуботен и Шарпланинка, каде ја започна својата кариера.



Нов дрес ќе облече и поранешната младинска репрезентативка Деспина Пауновиќ. Дваесет и четиригодишната фудбалерка од Тетово во Менада доаѓа од битолски Топ Гол, а во кариерата настапуваше и за Борец, Шкендија, Љуботен, Интернационал, Истатов и Шарпланинка. Од клубот за Спортска Мрежа откриваат дека веќе е постигнат договор и со неколку проверени фудбалерки со прволигашко искуство, чии имиња наскоро ќе бидат официјално објавени.

Кога станува збор за условите за работа, Менада своите домашни натпревари и тренинзи ќе ги реализира на АМС спортски центар во Тетово.

„Во однос натпреварите клубот своите домашни натпревари ќе ги игра на игралиштето на АМС спортски центар во Тетово а на истиот терен ќе се одвива и тренажниот процес.“



Посебен акцент клубот ќе стави и на развојот на младите категории. Веќе е започнат упис на девојчиња, а од Менада најавуваат дека сакаат да изградат силна школа која во иднина ќе биде основата на сениорскиот тим.

„Како и што нагласивме акцентот и главниот двигател на клубот во иднина треба да бидат играчите од нашата школа па за таа цел планираме и вршиме упис на фудбалерки од сите возрасти за млади категории почнувајќи од 7 години и постари и истите ќе бидат ослободени од сите давачки а со цел и поголема масовност за девојчињата од соседните села на Тетово ќе биде и организиран бесплатен превоз од и до тренинзите и натпреварите.“

Покрај ова, клубот активно врши упис и на девојчиња родени од 2010 до 2018 година, кои ќе се натпреваруваат во младинската и кадетската лига. За сите девојчиња од околните села на Тетово е обезбеден бесплатен превоз од и до тренинзите, а сите заинтересирани можат да добијат повеќе информации на телефонскиот број 078 653 915.

Со јасна стратегија, амбициозен проект и желба за создавање сопствена школа, ЖФК Менада го започнува своето прво поглавје на македонската женска фудбалска сцена, со намера во иднина да стане сериозен фактор во борбата за највисоките дострели.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

ИнтернационалциФудбал

Елмас стартер во првата гостинска победа на Аталанта пред дуелот со Шкотска

Елиф Елмас се врати во почетниот состав на Аталанта во Серија А, а тимот од Бергамо ја запиша првата гостинска победа во првенството...

Кошаркарска репрезентацијаРепрезентација

Петровски: Мојата прва цел е да создадеме позитивна атмосфера и тим во кој секоја кошаркарка ќе знае дека има своја улога и одговорност

Виктор Петровски е новиот селектор на женската сениорска кошаркарска репрезентација на Македонија, откако ја доби довербата од раководството на Кошаркарската федерација. Новиот предводник...

Поврзани написи
ИнтернационалциФудбал

Елмас стартер во првата гостинска победа на Аталанта пред дуелот со Шкотска

Елиф Елмас се врати во почетниот состав на Аталанта во Серија А,...

ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а...

Втора лигаФудбал

АНАЛИЗА: Охрид има најдобар напад, Пелистер најцврста одбрана, а Работнички го притиска врвот

Детална анализа на Втората македонска фудбалска лига по 11. коло Охрид Лихнидос...

ФудбалЧетврта лига

ВИДЕО: Горски преку Китановски и Колашинац до три бода, домашни победи за Младост и Раштани Спорт

Три домашни и една гостинска победа донесе 6. коло на Општинската фудбалска...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!