Трета лигаФудбал

Мега дерби во Свети Николе: Овче Поле – Победа Валандово, влез 100 денари

Сподели
Сподели

Денес на Градскиот стадион во Свети Николе ќе се одигра дербито на 4. коло во Третата лига – Регион 3, во кое силите ќе ги одмерат Овче Поле и Победа Валандово.

Натпревар кој носи голема тежина уште во раната фаза од сезоната, бидејќи на терен ќе се сретнат два тима со јасна амбиција – освојување на првото место и пласман во баражот за Втората македонска фудбалска лига.

За 100 денари, љубителите на фудбалот во Свети Николе ќе можат во живо да го следат дуелот на два сериозни конкуренти.

Особено мотивирани ќе бидат домашните „Овчари“, кои по три одиграни натпревари имаат 5 бодови, со една победа и две ремија.

На спротивната страна е Победа Валандово, популарните „Калинкари“, кои имаат максимален ефект на стартот од сезоната. Валандовчани ги добија сите три досегашни натпревари и со 9 бодови се наоѓаат на врвот на табелата.

Овие две екипи имаат и свежо сеќавање на минатосезонската борба за првата позиција. Овче Поле и Победа Валандово до последното коло се бореа за врвот и местото кое носи бараж за влез во Втората лига. Во таа трка подобра беше Победа Валандово.

Сепак, таму „Калинкарите“ не успеаја да направат чекор кон Втората лига. На Градскиот стадион во Штип беа поразени со 2:0 од Камјани, шампионот на Третата лига – Запад, кој оваа сезона е дел од второлигашкото друштво.

Овче Поле, пак, не успеа да ја добие минатосезонската трка, но оваа година влегува со засилен состав и уште поголеми амбиции.

За „Овчарите“ денешниот натпревар е од огромно значење, бидејќи евентуален пораз или ново реми би можеле дополнително да ја зголемат разликата во однос на лидерот.

Затоа, само победа е опција за Овче Поле доколку сака да се доближи до Победа Валандово и повторно да се вклучи во трката за првото место. Од друга страна, „Калинкарите“ со нов триумф би направиле уште еден голем чекор во одбрана на лидерската позиција.

Дербито на Градскиот стадион во Свети Николе започнува во 15:00 часот.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Трета лигаФудбал

Мега дерби во Свети Николе: Овче Поле – Победа Валандово, влез 100 денари

Денес на Градскиот стадион во Свети Николе ќе се одигра дербито на 4. коло во Третата лига – Регион 3, во кое силите...

ФудбалФутсал

Форца со шампионски амбиции: Лигата и Купот се главните цели, претставени новите засилуања

Поранешниот шампион Форца со големи амбиции влегува во новата сезона во Првата македонска футсал лига. По две последователни шампионски титули во сезоните 2023/24...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Форца со шампионски амбиции: Лигата и Купот се главните цели, претставени новите засилуања

Поранешниот шампион Форца со големи амбиции влегува во новата сезона во Првата...

Прва женска фудбалска лигаФудбал

Тиверија Брера со висока победа против Истатов, Панеска беше стрелец на пет гола

Тиверија Брера експресно се врати на победничките патеки, откако на домашен терен...

Трета лигаФудбал

ФОТО: Нова победа на амбициозниот Илинден, триумф над Башкими Љуботен

Амбициозниот третолигаш Илинден продолжува да нижи победи, но и да ги полни...

Трета лигаФудбал

ФОТО: Влазерими со нова победа, совладан Крошу Спорт во меч со пет гола

Кичевски Влазерими Јуниор продолжува да нижи победи во Трета лига регион 5,...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!