Ракомет

Драма до последна секунда: Прилеп и Струга си поделија по бод!

Сподели
ФОТО: РК Струга| facebook
Сподели

Прилеп и Струга одиграа неизвесен натпревар во 5. коло од Супер машката лига, кој на крајот заврши без победник – 29-29. Иако двете екипи во самата завршница имаа можност да го освојат целиот плен, реализацијата изостана, па бодовите беа поделени.

Струга имаше подобра позиција во финишот. Гостите водеа со 29-27, но Прилеп успеа да се врати во игра. Маркоски намали на еден гол разлика, а потоа следуваше нов погодок за израмнување.

Во последните секунди драмата достигна кулминација. Трајкоски го запре ударот на Танкоски, а Прилеп потоа направи грешка и ѝ остави на Струга уште седум секунди за последен напад. Сепак, гостите не успеаја да го реализираат, па резултатот остана 29-29.

Стружани подобро влегоа во натпреварот и во првите 15 минути имаа 10-7. Домашните постепено го фатија ритамот и со головите на Шипинкоски, Димитриоски и Стојановски стигнаа до 10-10.

До паузата повторно Струга имаше предност, овојпат 16-14, при што Костадиновски имаше важна улога меѓу стативите. Сепак, Прилеп успеа да ја намали негативата непосредно пред одморот, откако Шипинкоски погоди од далечина за 16-15.

Во продолжението домаќинот двапати имаше минимално водство, 19-18 и 21-20, но Струга повторно го презеде резултатот. Гостите направија серија со која стигнаа до 25-22 и изгледаше дека се поблиску до победата, но Прилеп во финишот успеа да се врати и да обезбеди бод.

Стојановски и Маркоски со по шест гола беа најефикасни кај Прилеп, Димитриоски постигна пет, а Трајкоски запиша девет интервенции. Во составот на Струга, Костоски заврши со шест гола, додека Георгиевски постигна пет.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

ФудбалФутсал

Каршиака ја „потопи“ Победа со десет гола во Прилеп, Балкан со „петарда“ во Свети Николе за Овче Поле

Екипата на Балкан се „прошета“ во Свети Николе откако во мечот од 2. коло на Втората футсал лига со 0:5 го декласираше Овче...

Кошарка

Феникс 2010 или Борец баскет – кој ќе остане со максимален ефект во Првата лига?

Третото коло во Првата македонска кошаркарска лига – мажи носи директна пресметка меѓу две екипи кои досега имаат максимален учинок. Феникс 2010 и...

Поврзани написи
Ракомет

Озтурк не го заборави Охрид: „Се чувствувам како да сум во својот втор дом!“

ГРК Охрид убедливо го отвори европскиот двомеч со Спор Тото, совладувајќи го...

Ракомет

Радовиш убедлив против Партизан во Гевгелија, десет гола на Васе Петров

Ракометарите на Радовиш забележаа нова победа откако во Гевгелија со 25:30 го...

Ракомет

ФОТО: Охрид со убедлива победа над Спор Тото ја започна одбраната на европската титула

Со убедлива победа Охрид ја започна одбраната на титулата во Европскиот куп...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!