Ракомет

Томовски повторно ,,непробоен ѕид”: 14 одбрани против Фуксе Берлин!

Сподели
SG BBM Bietigheim | facebook
Сподели

Мартин Томовски продолжува да ја потврдува својата одлична форма во Бундеслигата. Македонскиот репрезентативен голман одигра уште еден одличен натпревар меѓу стативите, овојпат против Фуксе Берлин, кој со многу мака стигна до победа на гостувањето кај Битигхајм со 32-31.

По импресивната партија против Магдебург, Томовски повторно беше на висината на задачата во дуел со уште еден тим од самиот врв на германскиот ракомет. Со 14 одбрани им создаваше сериозни проблеми на ракометарите на Фуксе и беше еден од најзабележителните поединци на натпреварот.

Колку беше значајна неговата партија покажува и фактот што на спротивната страна играше еден од најопасните стрелци во светот, Матијас Гидсел, кој натпреварот го заврши со 6 погодоци од 11 обиди.

Томовски од натпревар во натпревар покажува дека може да се носи со најголемите имиња и екипи во Бундеслигата. По Магдебург, сега дојде ред и на Фуксе Берлин да почувствува колку незгоден може да биде македонскиот чувар на мрежата.

Формата во која се наоѓа Томовски е особено впечатлива, а со вакви партии неговото име сè погласно се наметнува во најсилното национално првенство во Европа.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

ФудбалФутсал

Каршиака ја „потопи“ Победа со десет гола во Прилеп, Балкан со „петарда“ во Свети Николе за Овче Поле

Екипата на Балкан се „прошета“ во Свети Николе откако во мечот од 2. коло на Втората футсал лига со 0:5 го декласираше Овче...

Кошарка

Феникс 2010 или Борец баскет – кој ќе остане со максимален ефект во Првата лига?

Третото коло во Првата македонска кошаркарска лига – мажи носи директна пресметка меѓу две екипи кои досега имаат максимален учинок. Феникс 2010 и...

Поврзани написи
Ракомет

Озтурк не го заборави Охрид: „Се чувствувам како да сум во својот втор дом!“

ГРК Охрид убедливо го отвори европскиот двомеч со Спор Тото, совладувајќи го...

Ракомет

Радовиш убедлив против Партизан во Гевгелија, десет гола на Васе Петров

Ракометарите на Радовиш забележаа нова победа откако во Гевгелија со 25:30 го...

Ракомет

ФОТО: Охрид со убедлива победа над Спор Тото ја започна одбраната на европската титула

Со убедлива победа Охрид ја започна одбраната на титулата во Европскиот куп...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!