РакометРакометна репрезентација

Македонија со познати термини за битката за ЕП 2028!

Сподели
ФОТО: РФМ
Сподели

Македонската ракометна репрезентација во ноември ќе го започне патот кон Европското првенство 2028, пред настапот на Светското првенство. Во рамките на првата квалификациска фаза, избраниците на Македонија ќе одиграат два натпревари.

Првиот предизвик ќе биде на домашен терен, каде што на 4 ноември во салата „Борис Трајковски“ во Скопје ќе гостува Луксембург. Само четири дена подоцна, на 8 ноември, следува и гостувањето кај Грција. Натпреварот ќе се игра во Халкида со почеток од 16:00 часот.

Македонија е во група со Шведска, Грција и Луксембург, а по двата ноемвриски дуели следува пауза поради настапот на Мундијалот. Квалификацискиот циклус продолжува во март, кога ќе бидат одиграни двата натпревари против Шведска.

Последните две средби од квалификациите се предвидени за мај. Македонија прво ќе гостува во Луксембург, а потоа на домашен терен ќе ја пречека Грција во последното коло.

Европското првенство во 2028 година ќе се одржи во Шпанија, Португалија и Швајцарија.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

ФудбалФутсал

Каршиака ја „потопи“ Победа со десет гола во Прилеп, Балкан со „петарда“ во Свети Николе за Овче Поле

Екипата на Балкан се „прошета“ во Свети Николе откако во мечот од 2. коло на Втората футсал лига со 0:5 го декласираше Овче...

Кошарка

Феникс 2010 или Борец баскет – кој ќе остане со максимален ефект во Првата лига?

Третото коло во Првата македонска кошаркарска лига – мажи носи директна пресметка меѓу две екипи кои досега имаат максимален учинок. Феникс 2010 и...

Поврзани написи
Ракомет

Озтурк не го заборави Охрид: „Се чувствувам како да сум во својот втор дом!“

ГРК Охрид убедливо го отвори европскиот двомеч со Спор Тото, совладувајќи го...

Ракомет

Радовиш убедлив против Партизан во Гевгелија, десет гола на Васе Петров

Ракометарите на Радовиш забележаа нова победа откако во Гевгелија со 25:30 го...

Ракомет

ФОТО: Охрид со убедлива победа над Спор Тото ја започна одбраната на европската титула

Со убедлива победа Охрид ја започна одбраната на титулата во Европскиот куп...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!