Кошарка

(ФОТО) Историски трофеј за Крива Паланка: Шампионките го освоија Суперкупот со 63:51 против Баскет Кам

Сподели
ФОТО: КФМ
Сподели

Крива Паланка испиша нова страница во историјата на клубот, откако за првпат го освои женскиот Суперкуп „Драган Василов – Цевка“. Актуелниот шампион во финалната пресметка пред својата публика во салата „Бранители 2001“ славеше над освојувачот на Купот, Баскет Кам 2011, со 63:51.

Со триумфот, Крива Паланка ја прекина доминацијата на составот од Македонска Каменица во ова натпреварување. Баскет Кам ги освои претходните четири изданија на Суперкупот, но овојпат трофејот заврши во рацете на шампионките.

Домашниот состав имаше минимална предност по првите десет минути, но клучниот чекор кон победата го направи во втората четвртина. Крива Паланка одигра одлично во овој период и со серија 22:9 стигна до водство од 37:23 на полувремето.

Цврстата одбрана и подобрата реализација во нападот му овозможија на шампионот да ја контролира играта и да создаде разлика која на крајот се покажа како пресудна.

Гостинките од Македонска Каменица одлично го започнаа второто полувреме и со мини-серија од 6:1 ја намалија негативата на 29:38.

Баскет Кам продолжи со силен притисок, а во 26. минута по тројката на Поп-Димитровска дојде на само пет поени негатива – 38:43.

Сепак, Крива Паланка брзо одговори. Домашните кошаркарки ја стабилизираа играта и повторно создадоа двоцифрена предност до крајот на третата четвртина. Во овој период важен придонес даде и Груевска, која стигна до двоцифрен поентерски учинок.

Во последниот период Крива Паланка не дозволи Баскет Кам повторно да се доближи. Двете екипи во голема мера се потпираа на стартните петорки, со релативно мал придонес од резервите, но домашниот тим имаше повеќе расположени поединци во нападот.

Најефикасна во победничкиот состав беше Тања Гордон, која натпреварот го заврши со 23 поени, осум скока и четири асистенции.

Одличен натпревар одигра и Мариса Ли, која оствари дабл-дабл со 17 поени и 10 скока, дополнет со две асистенции. Груевска придонесе со 14 поени.

Кај Баскет Кам, најдобра во нападот беше искусната Сања Адамовска со 21 поен и девет скока, додека новото име во составот од Македонска Каменица, Марија Митева, постигна 14 поени.

ФОТО: КФМ

И покрај обидите на освојувачот на Купот да се врати во натпреварот, Крива Паланка ја задржа контролата до самиот крај.

На семафорот на крајот стоеше 63:51, резултат кој значеше историски прв Суперкуп за Крива Паланка.

По шампионската титула освоена минатата сезона, тимот од Крива Паланка ја започна новата сезона со уште еден голем трофеј.

Пред својата публика, шампионките ја прекинаа серијата на Баскет Кам и го подигнаа пехарот наменет за победникот на Суперкупот „Драган Василов – Цевка“.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Трета лигаФудбал

Победа Валандово остана на врвот, Овче Поле со пресврт, Брегалница Делчево славеше во Дојран, Каменица Саса со сигурен триумф над „фенерџијата“

Победа Валандово со минимален триумф над Хоризонт Турново останува на врвот во од табелата во Третата лига – Регион 3. Каменица Саса остана...

Втора лигаФудбал

Голем триумф за Камјани, дебитантот во финишот ги освои бодовите против Еуромилк и изби на четвртото место

Во судиското продолжение Камјани стигна до триумф над Еуромилк ГЛ и изби на четвртото место со што се комплетира 12. коло на Втората...

Поврзани написи
Кошарка

Работнички незапирлив, МЗТ убедлив против Штип, Кожув со пресврт во Струмица, Пелистер славеше во Битола!

Осмото коло од кошаркарската МТЕЛ Суперлига донесе четири интересни натпревари, во кои...

Кошарка

Скопје преживеа пресврт во финишот: Паркер ја запечати втората победа

Скопје стигна до драгоцена победа над Тиквеш Голден Игл со 97:94, во...

Кошарка

МЗТ пред тест со разиграниот Штип, Работнички ја брани непобедливоста

Осмото коло од МТЕЛ кошаркарската Суперлига денеска, 21 ноември, продолжува со четири...

Кошарка

МЗТ Скопје доби нов тренер – искусниот Дејан Мијатовиќ го презема македонскиот шампион!

Актуелниот македонски кошаркарски шампион МЗТ Скопје Аеродром го реши прашањето околу новиот...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!