ИнтернационалциФудбал

Македонскиот тренер Цвете Делиоски започнува интернационална кариера – ќе го предводи холандскиот ВВ Марсен

Сподели
Сподели

Македонскиот фудбалски тренер Цвете Делиоски има нов интернационален предизвик во својата кариера. Како што дознава Спортска Мрежа, Делиоски е нов шеф на стручниот штаб на холандскиот клуб ВВ Марсен, каде за првпат ќе работи надвор од Македонија.

Делиоски, кој поседува УЕФА А лиценца, го прифатил предизвикот да го предводи сениорскиот тим на ВВ Марсен, клуб кој во новата сезона ќе се натпреварува во петтата холандска лига. Амбициите на клубот се јасно поставени – експресно враќање во четвртата лига, а потоа и постепено градење на конкурентен тим кој во иднина ќе атакува и на пласман во третата лига.

„Со големо задоволство го прифатив предизвикот да бидам прв тренер на сениорскиот тим на ВВ Марсен во Холандија. Иако клубот оваа сезона ќе се натпреварува во петтата холандска лига, амбициите се јасно поставени – експресно враќање во четвртата лига, а потоа и постепено градење на тим кој ќе биде конкурентен за пласман во третата лига. Токму таа визија, професионалниот пристап и довербата што ми ја укажа раководството беа клучните причини да ја прифатам понудата“, вели Делиоски за Спортска Мрежа.

За македонскиот стратег ова ќе биде прв тренерски ангажман надвор од границите на државата, што претставува значаен чекор во неговата кариера.

„За мене ова претставува посебен момент во кариерата, бидејќи за првпат како тренер со УЕФА А лиценца ќе работам надвор од Македонија. Свесен сум дека ме очекува голем предизвик, но истовремено и голема можност за професионален развој.“

Делиоски потенцира дека токму холандскиот фудбалски систем бил една од главните причини да ја прифати понудата.

„Холандскиот фудбал е препознатлив по својата професионалност, организација и системска работа. Големо внимание се посветува на развојот на играчите, но и на едукацијата и усовршувањето на тренерите, што за мене претставува одлична средина за напредок и стекнување нови искуства.“



Воедно, тој испрати и силна порака за македонскиот фудбал.

„Исто така, сакам да истакнам дека Македонија има многу квалитетни фудбалери, тренери и стручен кадар. Верувам дека во нашата земја има голем потенцијал и многу луѓе кои професионално и посветено работат во фудбалот. За мене е чест што ќе ја претставувам Македонија во Холандија и ќе се трудам со својата работа да покажам дека и македонските тренери имаат знаење, квалитет и капацитет успешно да работат и надвор од границите на нашата држава.“

Во досегашната тренерска кариера Делиоски ги предводеше Лабуништа, Фламуртари Радолишта и Македонија Враништа, работејќи и со сениорските и со младинските категории, тој е и поранешен репрезентативец на Македонија. Пред да се посвети на тренерската професија, имаше богата играчка кариера, настапувајќи за Пелистер, Напредок Кичево и Шкендија, како и за албанските прволигаши Аполонија и Шкумбини.

Македонскиот стратег во Холандија заминува со голема мотивација и јасна цел – заедно со ВВ Марсен да изгради успешна приказна и да ги реализира амбициите на клубот, а воедно и достојно да го претставува македонското тренерско знаење на меѓународната сцена.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

ФудбалЧетврта лига

ФОТО: Готен пред верната публика во Подареш го декласираше Илинден од Добрејци со ШЕСТ гола

Четвртолигашот Готен од радовишкото село Подареш продолжува со подготовките за враќањето на фудбалската сцена, а во последниот пријателски натпревар пред стартот на сезоната...

Останати репрезентацииРепрезентација

(ФОТО) Историски успех за Изабела Зајков: Бронза на Светското првенство во самбо!

Голем успех за македонското самбо и македонскиот спорт! 15-годишната радовишанка Изабела Зајков освои бронзен медал на Светското првенство во самбо за кадети, кое...

Поврзани написи
ФудбалЧетврта лига

ФОТО: Готен пред верната публика во Подареш го декласираше Илинден од Добрејци со ШЕСТ гола

Четвртолигашот Готен од радовишкото село Подареш продолжува со подготовките за враќањето на...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!