Ракомет

Тежок удар за Вардар: македонскиот тим немоќен против Монпелје“

Сподели
ФОТО: РК Вардар
Сподели

Македонскиот Вардар 1961 се враќа од гостувањето во Франција со убедлив пораз од 33-23 во првиот четвртфинален натпревар од Европската лига, резултат што сериозно ја комплицира борбата за пласман на Ф4 турнирот во Хамбург.

Средбата донесе два различни периоди на игра, но и многу проблеми за „црвено-црните“, кои уште од почетокот беа во резултатска негатива и не успеаја да го најдат вистинскиот ритам во нападот. Домашниот тим брзо ја презеде контролата и со серија голови создаде предност која постепено само растеше.

Вардар уште пред почетокот беше ослабен со отсуството на Јака Малус и Дмитро Горига, но дополнителен удар беше и исклучувањето на Тузолана во првото полувреме, по што францускиот состав ја искористи бројчаната предност и направи значајна разлика на семафорот.

На полувреме резултатот беше 12-10, но вториот дел донесе целосен пад во играта на македонскиот тим. Монпелје брзо ја зголеми предноста, а клучен момент беше и повредата на Педро Да Силва, кој по силен удар во стомакот мораше да заврши во болница и не го продолжи натпреварот.

Во продолжението, домаќинот ја диктираше играта и без поголеми проблеми ја зголемуваше разликата, казнувајќи секоја грешка на Вардар. Обидите за враќање преку ризична игра и формација „7 на 6“ не дадоа резултат, напротив – дополнително ја отворија одбраната на гостите.

Во еден момент, разликата достигна и двоцифрени размери, а до крајот Вардар само успеа да ја ублажи негативата, без реална шанса за резултатски пресврт.

По 70 дена без пораз во сите натпреварувања, овој меч ја прекина позитивната серија на „црвено-црните“, кои претходно последен пат загубија во февруари. Сега ги очекува реваншот во Скопје, каде ќе се обидат да ја намалат разликата и да останат во игра за завршниот турнир.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Кошарка

Михаил Стојанов е ново засилување за КК Кожув

КК Кожув го претстави своето ново засилување за сезоната – 21-годишниот македонски бек Михаил Стојанов. Стојанов е висок 185 сантиметри, а во изминатите...

Прва лигаФудбал

Промена на теренот: ГФК Тиквеш и ФК Скопје ќе играат на ФФМ

Од ГФК Тиквеш информираат дека утрешниот натпревар од 4. коло во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ) против ФК Скопје ќе претрпи промена на...

Поврзани написи
Ракомет

ФОТО: Сигурна победа за Тримо Требње над Нексе Нашице на турнирот во Охрид

Тримо Требње со триумф на меморијалниот турнир „Крсте Андоновски“ во Охрид откако...

Ракомет

Денес започнува 11. издание на меморијалниот турнир „Миле Нешкоски“ во Прилеп

Денес започнува 11. издание на меморијалниот турнир „Миле Нешкоски“ во Прилеп, а...

Ракомет

Срдановиќ: „Сметам дека овој натпревар не е вистинската слика за нас“

ГРК Охрид продолжува со победнички чекори на меморијалниот турнир „Крсте Андоновски“, а...

Ракомет

ФОТО: Охрид со моќно второ полувреме до нова победа – „гладијаторите“ на чекор до финале на „Крсте Андоновски“

ГРК Охрид продолжува со одличниот настап на меморијалниот турнир „Крсте Андоновски“, откако...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!