Прва лигаФудбал

Вардар нема право на кикс, целта против Скопје се трите бода

Сподели
ФОТО: ФК Вардар АД
Сподели

ФК Вардар не ја започна најдобро новата сезона, во која амбициите на клубот се освојување на трофеите, но по промените на тренерската позиција, шампионот продолжува да работи на исполнување на зацртаните цели.

Новиот тренер Миодраг Божовиќ во изминатиот период имаше нешто повеќе време за работа со екипата, запознавање со фудбалерите и наметнување на своите идеи и принципи на игра. Сега останува играчите да го пренесат тоа на теренот и да покажат напредок во следните натпревари.

Првиот предизвик за вардарци е денешното гостување кај ФК Скопје, на стадионот „Железарница“. Црвено-црните се свесни за важноста на овој дуел и не кријат дека во Скопје одат со јасна цел – освојување на трите бода.

„Одиме по три бода“, порачуваат од таборот на Вардар, кој ќе мора да биде максимално фокусиран и внимателен во текот на сите 90 минути. Шампионот ќе треба да избегне грешки какви што му се случуваа на претходните гостувања, меѓу кои и она во Куманово, и да ја оправда улогата на фаворит.

Квалитетот и амбициите се на страната на Вардар, но тоа ќе треба да биде потврдено и на теренот. За Божовиќ и неговите избраници, денешниот натпревар претставува можност за освојување важни бодови и најавување подобри резултати во продолжението од сезоната.

Натпреварот меѓу Скопје и Вардар е закажан за денеска од 15 часот на стадионот „Железарница“, а главен судија ќе биде Фуркан Идризи.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Ракомет

Младост го декласираше Текстилец среде Штип: Антонио Каракабаков со 15 гола, Стојан Иванџиков постигна 11

Ракометарите на Младост 1977 од Богданци забележаа убедлива победа од 21:38 над Текстилец среде Штип во меч од 8. коло на Кадетската ракометна...

Прва женска фудбалска лигаФудбал

Тиверија Брера може да го притисне врвот пред дербито Љуботен – Скопје

Дербито за првото место се игра во вторник, но притисокот врз водечките екипи може да порасне уште утре. Тиверија Брера ја пречекува Каменица...

Поврзани написи
Прва женска фудбалска лигаФудбал

Тиверија Брера може да го притисне врвот пред дербито Љуботен – Скопје

Дербито за првото место се игра во вторник, но притисокот врз водечките...

Трета лигаФудбал

Илинден го „прегази“ Кул Здравје со пет гола, хет-трик на Давид Ристовски

Непоразениот лидер Илинден забележа уште една висока победа, откако на воведниот меч...

Трета лигаФудбал

(ФОТО) Речица на крилата на Дарио Јакимовски го доби Влазними од Оризари

Речица со минимална победа од 1:0 над Влазними од Оризари го отвори...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!