Ракомет

Охрид славеше во дербито против Алкалоид пред домашната публика

Сподели
ФОТО: ГРК Охрид
Сподели

Охрид триумфираше во дербито против Алкалоид со 26:24, во меч од 6. коло на Суперлигата. Избраниците на Борис Ројевиќ одиграа сигурен натпревар, ја презедоа контролата во завршницата на првото полувреме и ја задржаа предноста до последниот звук на сирената.

Дуелот меѓу двата освојувачи на Европскиот куп на ЕХФ започна во силно темпо, со цврсти одбрани и многу физичка игра. По десет минути на семафорот стоеше 3:3, а прв посериозен чекор направи гостинскиот состав, кој поведе со 4:7. Сепак, Охрид брзо одговори, а проблемите на Алкалоид со исклучувањата му овозможија на домашниот тим да се врати во резултатска рамнотежа.

По израмнувањето на 7:7, охриѓани постепено ја презедоа иницијативата. Гостите направија неколку грешки во нападот, што домаќините го искористија за да изградат предност. Охрид во последните минути пред паузата беше поефикасен и на одмор замина со водство од 15:11.

Во продолжението домашниот тим не му дозволи на противникот да се врати целосно во игра. Со дисциплиниран пристап во одбраната и подобра реализација, Охрид ја зголеми разликата и стигна до највисоки шест гола предност. Алкалоид се обиде да ја направи завршницата понеизвесна и во еден момент ја намали негативата, но немаше доволно време и сили за целосен пресврт.



Голем придонес во победата на Охрид имаше голманот Дино Славиќ, кој забележа десет одбрани, додека Доминик Мате беше најрасположен во нападот со шест погодоци. Кај Алкалоид, Никола Костески исто така постигна шест гола, а Дамјан Митев го заврши мечот со пет.

Со овој триумф Охрид се врати на победничкиот пат по поразот од Вардар и го запиша првиот дерби-триумф во сезоната, откако претходно ремизираше со Еурофарм Пелистер. За Алкалоид, пак, ова е прв пораз по одличниот старт со пет победи.



Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

ФудбалФутсал

Каршиака го декласираше Овче Поле со четири гола

Каршиака ја продолжува победничката низа во Втората футсал лига откако стигна до нова победа, на домашен терен со убедливи 4:0 го доби Овче...

Кошарка

Рикиќ со 29 поени го предводеше Работнички до „пет од пет“

Работнички останува без грешка во МТЕЛ Суперлигата. „Црвено-белите“ го совладаа Скопје со 89:79 на гостувањето во СЦ „Јане Сандански“ и ја запишаа петтата...

Поврзани написи
Ракомет

Охрид сигурен и во Куманово, Ројевиќ и неговите момци впишаа нови бодови!

Ракометарите на Охрид продолжуваат со успешните настапи во Супер лигата. „Гладијаторите“ се...

Ракомет

Младост го декласираше Текстилец среде Штип: Антонио Каракабаков со 15 гола, Стојан Иванџиков постигна 11

Ракометарите на Младост 1977 од Богданци забележаа убедлива победа од 21:38 над...

Ракомет

Бутел конечно се израдува, Стоилов до првиот суперлигашки триумф!

Ракометарите на Бутел Скопје ја прекинаа серијата без победа во домашниот шампионат...

Ракомет

Митревски и Тодоровски со нова меѓународна задача, ќе судат на дуелот Италија – Словачка

Македонските ракометни судии Димитар Митревски и Благојче Тодоровски продолжуваат со меѓународните обврски,...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!