Ракомет

Вардар остана перфектен, Тиквеш славеше во драма, Прилеп го шокираше Бутел!

Сподели
ФОТО: РК Прилеп
Сподели

Три интересни натпревари донесе новото коло во ракометната Суперлига. Вардар 1961 ја продолжи победничката серија со триумф над Струга, Тиквеш се радуваше на минимална победа против Мулти Есенс, додека Прилеп приреди пресврт и ги освои бодовите на гостувањето кај Бутел Скопје.

  • Вардар сигурен во Струга за шесто од шест

Вардар 1961 брзо им се врати на победите по поразот од Висла Плоцк во Лигата на шампионите. „Црвено-црните“ славеа на гостувањето кај Струга со 33:24 и го задржаа максималниот ефект во домашното првенство.

Скопјани на полувремето имаа предност од 16:13, а иако домаќините во вториот дел се обидоа да се вратат во натпреварот, Вардар не дозволи неизвесна завршница. Фадуил со девет гола беше најефикасен кај победникот, додека Јукиќ постигна девет погодоци за Струга.

  • Тиквеш го скрши отпорот на Мулти Есенс

Ракометарите на Тиквеш освоија нови бодови, откако во драматичен финиш го совладаа Мулти Есенс со 27:26. Гостите од Автокоманда на паузата водеа со 13:11, но кавадарчани го кренаа нивото на игра во второто полувреме и направија пресврт.

Тиквеш успеа да ја зачува предноста во неизвесната завршница, а во последните секунди голманот Велков го спречи обидот на Мулти Есенс за израмнување. Така, домаќините се радуваа на значаен триумф во борбата за подобра позиција на табелата.

  • Прилеп со голем пресврт го освои Бутел

Прилеп стигна до важна победа од 29:27 на гостувањето кај Бутел Скопје, иако во вториот дел се најде во негатива од четири гола. Домашниот тим имаше водство од 25:21, но прилепчани не се предадоа и со одличен финиш го свртеа резултатот во своја корист.

Гостите ја искористија нервозата и грешките на Бутел во завршните минути, а важна улога имаше голманот Трајкоски со 12 одбрани. Капитенот Димитриоски постигна осум гола за Прилеп, кој се врати на победите по три натпревари без триумф. Бутел, пак, продолжува да го бара првото сезонско славје.

Сподели

Не пропуштајте

ФудбалФутсал

Каршиака го декласираше Овче Поле со четири гола

Каршиака ја продолжува победничката низа во Втората футсал лига откако стигна до нова победа, на домашен терен со убедливи 4:0 го доби Овче...

Кошарка

Рикиќ со 29 поени го предводеше Работнички до „пет од пет“

Работнички останува без грешка во МТЕЛ Суперлигата. „Црвено-белите“ го совладаа Скопје со 89:79 на гостувањето во СЦ „Јане Сандански“ и ја запишаа петтата...

Поврзани написи
Ракомет

Охрид сигурен и во Куманово, Ројевиќ и неговите момци впишаа нови бодови!

Ракометарите на Охрид продолжуваат со успешните настапи во Супер лигата. „Гладијаторите“ се...

Ракомет

Младост го декласираше Текстилец среде Штип: Антонио Каракабаков со 15 гола, Стојан Иванџиков постигна 11

Ракометарите на Младост 1977 од Богданци забележаа убедлива победа од 21:38 над...

Ракомет

Бутел конечно се израдува, Стоилов до првиот суперлигашки триумф!

Ракометарите на Бутел Скопје ја прекинаа серијата без победа во домашниот шампионат...

Ракомет

Митревски и Тодоровски со нова меѓународна задача, ќе судат на дуелот Италија – Словачка

Македонските ракометни судии Димитар Митревски и Благојче Тодоровски продолжуваат со меѓународните обврски,...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!