Втора лигаФудбал

Крсте Крстев поднесе неотповиклива оставка, Осогово останува без тренер по седум кола

Сподели
ФОТО: ГФК Осогово
Сподели

Крсте Крстев повеќе нема да биде шеф на стручниот штаб на Осогово. По две години поминати во клубот од Кочани, тренерот одлучи да поднесе неотповиклива оставка, а причините за својата одлука ги објасни преку лично соопштение.

Крстев потсети дека ја презел одговорноста во еден од најтешките периоди за клубот, кога Осогово се соочувал со опасност од колапс. Со многу работа и заедништво, според неговите зборови, успеале да го стабилизираат клубот, а минатата сезона тимот се наметнал како хит и пријатно изненадување.

Сепак, тековната сезона донесе нови предизвици. По заминувањето на 14 фудбалери и соочувањето со скромен буџет, Осогово остана со ограничен играчки кадар. Резултатите во првите седум кола не беа според очекувањата, па Крстев од морални причини и чувство на лична одговорност одлучи да се повлече.

ПОДДРЖЕТЕ ЈА СПОРТСКА МРЕЖА СО СИМБОЛИЧНА ДОНАЦИЈА И ПОМОГНЕТЕ НИ ДА ПРОДОЛЖИМЕ ДА ГО ПРОМОВИРАМЕ МАКЕДОНСКИОТ СПОРТ

Осогово во досегашниот дел од сезоната во Втората лига сè уште нема победа. Кочанчани имаат три ремија и четири порази, односно вкупно три бода, поради што се наоѓаат на претпоследното место на табелата.

Во наредните денови клубот ќе треба да пронајде нов тренер, кој ќе има тешка задача да ја прекине резултатската криза, да ја донесе првата сезонска победа и да ги задржи „жетварите“ во трката за опстанок.



  • Во продолжение следува целосното соопштение на Крсте Крстев:

По две години посветена работа, одговорност и борба за клубот, донесов одлука да поднесам неотповиклива оставка од функцијата шеф на стручниот штаб.

Пред две години, кога клубот се наоѓаше пред колапс, се нафатив да ја преземам одговорноста во еден од најтешките моменти. Со многу работа, верба, пожртвуваност и заедништво успеавме да го стабилизираме клубот, а минатата сезона да бидеме вистински хит и пријатно изненадување.

Оваа сезона, по заминувањето на 14 фудбалери и соочени со скромен буџет, останавме со квалитативно тенок ростер. И покрај сите предизвици, продолживме да се бориме и во првите седум кола да му пружиме достоен отпор на секој противник, покажувајќи дека срцето, карактерот и желбата можат да надоместат многу од она што ни недостасува во играчкиот кадар.

Сепак, фудбалот не ги вреднува само борбеноста и вложениот труд, туку и резултатите. Од морални причини и од чувство на лична одговорност кон клубот, сметам дека е време да се повлечам.

Оваа одлука не е донесена лесно, ниту е резултат на недостаток на верба во клубот или во фудбалерите. Напротив, ја донесувам со чиста совест, знаејќи колку вложивме, низ што поминавме и колку труд беше потребен за клубот да застане на нозе.

Од работ на колапс, создадовме стабилност и испишавме една убава фудбалска приказна. На тоа сум горд и никогаш нема да го заборавам.

Им благодарам на сите фудбалери, членовите на стручниот штаб, управата и навивачите за соработката, поддршката и заедничките моменти. На клубот му посакувам многу успеси, стабилност и враќање на патот кон победите.

Заминувањето од функцијата не значи дека престанува почитта кон клубот. Некои одлуки се тешки, но понекогаш моралот, принципите и личната одговорност се поважни од функцијата.

Оставката е неотповиклива.

Со почит, Крсте Крстев

Оставката на Крстев доаѓа во тежок момент за Осогово, кој ќе мора брзо да реагира и да најде решение за тренерската позиција. Пред новиот предводник ќе биде предизвикот да ја врати самодовербата во екипата и да започне освојување бодови со кои кочанчани би се оддалечиле од опасната зона.



Сподели

Не пропуштајте

Ракомет

Пролет ја доби драмата и славеше над Драчево Јуниор, Аеродром славеше со 20 гола разлика над Сокол Саса, убедлива победа за Овче Поле

Ланскиот суперлигаш Пролет ја доби драмата со Драчево Јуниор во гости откако славеше со 33:34 во мечот од 8. коло на Првата ракометна...

Ракомет

Богданци се мобилизира за првата победа на Младост 1977 – клубот повика на полна сала „Млаз“ против Тиквеш!

Ракометна мобилизација во Богданци! Младост 1977 денес го пречекува Тиквеш од Кавадарци во натпревар од деветтото коло на македонската ракометна Суперлига, а од...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

(ВИДЕО) Димоски: Шкендија има најголем квалитет во лигата, во Штип одиме по трите бодови!

Лидерот во Првата македонска фудбалска лига, Шкендија, денес ќе гостува во Штип,...

ИнтернационалциФудбал

Тренчовски го освои „Људски врт“: Олимпија со Митровски славеше во големото дерби

Југослав Тренчовски и Димитар Митровски се радуваа на вредна победа во словенечкото...

Втора лигаФудбал

Како изгледа табелата во Втора лига пред комплетирање на 10. коло ?

Денес ќе биде комплетирано десеттото коло во Втората македонска фудбалска лига, а...

ФудбалФутсал

Црна Река подготвена патува во Штип за дербито со Мал Ајакс

Денес во Штип ќе се одигра дербито на 3. коло во Втората...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!