Прва лигаФудбал

Зејнулаи: Ако го дадеме максимумот, трите бода ќе бидат наши!

Сподели
ФОТО: Принскрин прес конференција ФК Шкендија
Сподели

По тринеделната пауза за репрезентативните настапи, македонскиот фудбалски шампионат се враќа на сцената со полна пареа! Во рамките на 9. коло од Првата фудбалска лига, лидерот на табелата Шкендија од Тетово гостува кај Шкендија од Арачиново на стадионот во Чаир.

Пред овој дуел, капитенот на тетовци, Арбин Зејнулаи, истакна дека паузата ги наполнила нивните батерии и дошла во вистински момент за тимот.

„Оваа пауза ни дојде во идеален момент. Не само што им даде простор на повредените играчи целосно да се заздрават, туку ни овозможи и студиозно да ги анализираме сите пропусти. Го искористивме времето за да ги исправиме грешките и да влеземе уште посилни во следните битки,“ порача Зејнулаи.

„Црвено-црните“ од Тетово немаат намера да застанат тука. Со лидерската позиција, притисокот е голем, но и мотивот е на највисоко ниво.

 „Реномето и амбициите на Шкендија ве принудуваат на секој меч да се борите исклучиво за триумф. За нас, задоволство носат само трите бода. Детално го скаутиравме противникот, а наша единствена задача е беспрекорно да ги спроведеме сите замисли на стручниот штаб. Доколку го дадеме максимумот, верувам дека триумфот нема да изостане,“ додаде Зејнулаи.

Натпреварот меѓу Шкендија Арачиново и Шкендија Тетово ќе се одигра денес на стадионот во Чаир, во 13:00 часот,  а главен судија на овој дуел ќе биде Јован Качевски.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Ракометна репрезентацијаРепрезентација

Македонија ги започна подготовките за ЕХФ ЕУРО 2026 – ракометарките пред европскиот предизвик ќе тестираат со Финска, Италија и Турција!

Женската сениорска ракометна репрезентација на Македонија официјално ги започна подготовките за настапот на Европското првенство – ЕХФ ЕУРО 2026. Македонските ракометарки денеска го...

Ракомет

Паунков: Победата над Струга ќе ни биде ветер во грб, нашата цел е сигурен опстанок

Синоќешната победа на Младост над Струга е силен ветер во грб за продолжението од првенството, особено што во следното коло одново во „Млаз“...

Поврзани написи
Трета лигаФудбал

Скопје ја преполови разликата до Арсими: Варадиновски ја врати надежта во Автокоманда за опстанок

Скопје конечно ја запиша првата првенствена победа сезонава, совладувајќи го Арсими со...

Прва лигаФудбал

Тиквеш се одвои од Вардар: три гола во Скопје за посилен притисок врз врвот

Тиквеш го совлада Вардар со 0:3 на Националната арена „Тодор Проески“ и...

Втора лигаФудбал

Охрид го чува врвот, Кожуф ја изненади Брера, Осогово на бод до Новаци

Охрид, Пелистер и Работнички со победи ја продолжија трката на врвот во...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!