Ракомет

Еурофарм Пелистер убедлив против Куманово за петта победа во Суперлигата

Сподели
ФОТО: РК Еурофарм Пелистер
Сподели

Еурофарм Пелистер ја продолжи победничката серија во домашниот шампионат, откако во Битола го надигра Куманово со 36-23 во првиот натпревар од шестото коло на ракометната Суперлига.

Гостите парираа само во почетните минути, кога резултатот беше изедначен на 4-4. Потоа битолчани го презедоа иницијативата, ја зацврстија одбраната и почнаа да ја зголемуваат разликата. Во завршницата од првиот дел предноста на домашниот состав порасна, па на пауза замина со убедливи 18-11.

По одморот избраниците на Лино Червар продолжија во ист ритам. Еурофарм Пелистер брзо стигна до двоцифрена предност и целосно го контролираше натпреварот. Во финишот разликата достигна и 14 гола, а домаќините рутински го приведеа мечот до крај за конечни 36-23.
Филип Кузмановски со седум гола беше најдобар стрелец кај победничкиот тим, додека Петар Атанасијевиќ постигна шест, а Рудолф Хагбарт реализираше пет од пет обиди. Кај Куманово, Наум Костов се истакна со осум погодоци.

Со оваа победа Еурофарм Пелистер стигна до 11 бода од шест натпревари и привремено се искачи на врвот на табелата. Вардар и тимот од Автокоманда имаат по 10 бода, но со натпревар помалку. Куманово, пак, останува на еден освоен бод и сè уште ја бара првата победа сезонава.

Сподели

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Давид Калпачки успешно опериран, следува долг период на рехабилитација и враќање на фудбалските терени

Фудбалерот на штипска Брегалница, Давид Калпачки, успешно го заврши оперативниот зафат по тешката повреда со која се здоби кон крајот на август. Сега...

Втора лигаФудбал

Бењамин Ќерими главен во Битола, Крумислав Ѓорѓиев ќе го суди дербито меѓу Работнички и Беласица

Утре со три натпревари се отвара 10. коло на Втората македонска фудбалска лига, а ќе се комплетира в недела со четири средби. Познати...

Поврзани написи
РакометРакометна репрезентација

Двајца бисери на ГРК Охрид со репрезентативен повик – Спироски и Трајчески се иднината на клубот!

ГРК Охрид продолжува да потврдува дека во своите младински категории располага со...

РакометРакометна репрезентација

РФМ воведува нов систем за селекција на пионерите, Матлиески го објави првиот список!

Ракометната федерација на Македонија прави нов чекор во развојот на младинскиот ракомет,...

Ракомет

Алкалоид го декласираше Прилеп со десет гола разлика

Алкалоид без проблеми го доби Прилеп за осми сезонски триумф откако во...

Ракомет

Митревски и Тодоровски ќе го судат вечното дерби меѓу Вардар и Пелистер!

Ракометната федерација на Македонија ја довери судиската одговорност за едно од најголемите...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!