Прва лигаФудбал

Нухија: Ќе дадеме се од себе за да ја израдуваме публиката на Чаир

Сподели
ФОТО: ФФМ
Сподели

Шкендија од Арачиново ја бара својата прва победа во фудбалската елита на Македонија против Шкендија од Тетово, откако досега ги загуби сите три меѓусебни дуели во Купот на Македонија.

Амир Нухија го почитува тимот од Тетово, но истакнува дека главната цел на Шкендија од Арачиново е да извлече позитивен резултат.

„Не очекува многу важен натпревар против Шкендија од Тетово. Го знаеме квалитетот на противникот и го почитуваме, но имаме голема верба во нашиот тим. Цела недела работевме максимално и сме подготвени за овој дуел. Играме во Чаир, пред нашите навивачи, и нашата цел е да оствариме позитивен резултат. Очекуваме пеколна атмосфера и голема поддршка од нашите фанови. Ќе дадеме сѐ од себе на теренот за да ги израдуваме. Веруваме во нашиот тим и очекуваме во недела да излеземе со бел образ“, изјави Нухија.

Натпреварот меѓу Шкендија од Арачиново и Шкендија од Тетово ќе се одигра на стадионот во Чаир , со почеток во 13:00 часот.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Трета лигаФудбал

Илинден го „прегази“ Кул Здравје со пет гола, хет-трик на Давид Ристовски

Непоразениот лидер Илинден забележа уште една висока победа, откако на воведниот меч од 8. коло на Трета лига регион 1 со убедливи 0:5...

Трета лигаФудбал

(ФОТО) Победа со „петарда“ за Ултрас пред полн стадион, Никола Толевски го расплака Борец со гол во 91. минута, Росоман до три бода

Прилепска Победа забележа уште еден висок триумф откако во рамките на 8. коло на Трета лига регион 2 пред домашната публика го декласираше...

Поврзани написи
Трета лигаФудбал

Илинден го „прегази“ Кул Здравје со пет гола, хет-трик на Давид Ристовски

Непоразениот лидер Илинден забележа уште една висока победа, откако на воведниот меч...

Трета лигаФудбал

(ФОТО) Речица на крилата на Дарио Јакимовски го доби Влазними од Оризари

Речица со минимална победа од 1:0 над Влазними од Оризари го отвори...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!