Ракомет

Вардар и Охрид за првиот трофеј во новата сезона – Суперкупот ќе се игра во Гевгелија

Сподели
Сподели

Новата ракометна сезона во Македонија ќе започне со голем натпревар за трофеј. Вардар 1961 и Охрид ќе се соочат во битката за Суперкупот на Македонија, а домаќин на дуелот ќе биде Гевгелија.

Натпреварот е закажан за 2 септември (среда) во спортската сала „26 Април“, со почеток од 19:00 часот. РФМ одлучи борбата за првиот сезонски трофеј да се одигра на неутрален терен, па љубителите на ракометот во Гевгелија ќе имаат можност да проследат вистинско дерби.

Вардар во новата сезона влегува со амбиции за освојување на домашните трофеи и настапи на европската сцена, додека Охрид по одличниот период и успешните настапи во изминатата сезона ќе има можност да покаже дека може да се надигрува со најдобрите македонски екипи.

За Гевгелија ова ќе биде второ домаќинство на Суперкупот во последните неколку години. Градот веќе беше домаќин на ова натпреварување во 2024 година, кога Алкалоид го совлада Еурофарм Пелистер и го освои трофејот.

Дуелот меѓу Вардар и Охрид воедно ќе биде и прва официјална можност за двата тима да ги покажат своите амбиции пред стартот на новата сезона.

Информациите за продажбата на билетите и онлајн набавката организаторите дополнително ќе ги објават.

Сè е подготвено за ракометен спектакл во Гевгелија – Вардар или Охрид, кој ќе го освои првиот трофеј во сезоната?

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

ИнтернационалциФудбал

Игор Ангеловски со голема победа: Таџикистан ја совлада Кина

Игор Ангеловски запиша значаен триумф како селектор на Таџикистан, откако неговата репрезентација со 1:0 ја совлада Кина во пријателски натпревар одигран во Чонгкинг....

КупФудбал

КУП: Тиквеш со 13 гола го доби третолигашот Крошу Спорт како на тренинг меч

Тиквеш воопшто не се испоти за да се пласира во осминафиналето од Купот на Македонија, откако со 0:13 го декласираше третолигашот Крошу Спорт...

Поврзани написи
Ракомет

ЕКСКЛУЗИВНО: Моралес пред Вардар – Висла: „Два бода од „Јане Сандански“ се многу тешка задача!“

Вардар го очекува нов европски предизвик во Лигата на шампионите, а на...

РакометРакометна репрезентација

Македонија со познати термини за битката за ЕП 2028!

Македонската ракометна репрезентација во ноември ќе го започне патот кон Европското првенство...

Ракомет

Еурофарм Пелистер се рехабилитира со убедлива победа кај Бутел

Еурофарм Пелистер вчера стигна до сигурна победа во Супер машката лига, откако...

Ракомет

Томовски повторно ,,непробоен ѕид”: 14 одбрани против Фуксе Берлин!

Мартин Томовски продолжува да ја потврдува својата одлична форма во Бундеслигата. Македонскиот...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!