Останато

Сопиште доби ново мултифункционално спортско игралиште

Сподели
Сподели

Жителите на Општина Сопиште од денеска имаат современ и функционален спортски простор, откако беше пуштено во употреба реконструираното мултифункционално игралиште, реализирано со поддршка на Министерството за спорт и Владата, во соработка со Општина Сопиште.

Новиот спортски простор, кој се наоѓа наспроти општинската зграда, денеска официјално го пуштија во употреба министерот за спорт Борко Ристовски и градоначалникот на Општина Сопиште, Јане Мицевски.

Игралиштето располага со терени за фудбал, ракомет и кошарка, современа спортска опрема, трибина и заштитна ограда, со што на децата, младите и сите граѓани им се обезбедуваат подобри услови за спортување и рекреација.

Ристовски истакна дека вложувањето во спортската инфраструктура останува еден од приоритетите на Министерството за спорт, со цел современите услови за спорт да бидат достапни во сите општини.

„Секое ново игралиште значи нова можност едно дете да го избере спортот, наместо пасивноста. Значи нов простор за младите каде може да спортуваат и правилно да се развиваат. Без основни услови не може да зборуваме ни за професионален спорт, ниту пак за правилен развој на младите кои овде ги прават првите чекори во спортот“, порача Ристовски.

Министерот додаде дека Министерството за спорт, со поддршка од Владата, продолжува со реализација на проекти за изградба, реконструкција и унапредување на спортската инфраструктура низ државата.

„Ова е насоката во која одиме. Не ветувања, туку реализирани проекти. Не само зборови, туку работа на терен“, истакна Ристовски.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Останати репрезентацииРепрезентација

Успех кој се памти: 4 златни, 3 сребрени и 9 бронзени медали за Македонската Традиционална Таеквон-до Федерација на силниот меѓународен натпревар „Србија опен 2026“

Македонската Традиционална Таеквон-до Федерација оствари одличен настап на меѓународниот таеквондо ИТФ натпревар „Србија опен 2026“, кој се одржа во Нови Сад, Србија. Во...

Турнири

Охрид подготвен за нова фудбалска приказна: Од 5 до 8 декември ќе се одржи Ohrid Winter Cup 2026

Охрид во зимски амбиент ќе биде домаќин на меѓународниот младински фудбалски турнир Ohrid Winter Cup 2026, кој ќе се одржи од 5 до...

Поврзани написи
Останато

Три македонски одбојкарски екипи во европска акција, Штип УГД пред историски предизвик

Три од четирите македонски претставници во европските клупски одбојкарски купови неделава ги...

Останато

Јонузи и Милевска во европска акција, Фасулева продолжува со победите во Албанија

Македонските одбојкарски репрезентативки и интернационалки Ерјона Јонузи и Андротеа Милевска в четврток...

Останато

Ристовски: Го решивме проблемот што 12 години го кочеше македонското пливање

По повеќе од 12 години, македонското пливање конечно исплива на површина. Националната...

Останато

(ФОТО) Изабела Зајков најдобра домашна борачка, БК Бучим Радовиш прв во екипниот пласман!

БК Бучим Радовиш имаше одличен настап на седмото издание на Меѓународниот турнир...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!