Ракомет

ЕКСКЛУЗИВНО: Моралес пред Вардар – Висла: „Два бода од „Јане Сандански“ се многу тешка задача!“

Сподели
FOTO: Spojrzenia - Jerzy Stankowski
Сподели

Вардар го очекува нов европски предизвик во Лигата на шампионите, а на 8 октомври во „Јане Сандански“ гостува Висла Плок. Полскиот вицешампион во Скопје ќе се соочи не само со силниот вардаров состав, туку и со атмосферата која традиционално го краси домот на „црвено-црните“.

Токму на атмосферата во „Јане Сандански“, во ексклузивен разговор за Спортска Мрежа, се осврна ракометарот на Висла Плок- шпанскиот дефанзивец Ориол Реј Моралес, кој добро ја познава вардаровата публика и амбиентот во салата. Тој посочи дека сите во тимот на Висла знаат што ги очекува во Скопје, без разлика дали тоа го почувствувале на своја кожа или го виделе во најголемите моменти на Вардар.

„Сите играчи во нашиот тим знаат каква е атмосферата во „Јане Сандански“, бидејќи или сме играле таму, или сме ја гледале во најголемите моменти на Вардар. Знаеме дека освојувањето на два бода таму е многу тешка задача и само ако бидеме целосно фокусирани на натпреварот и не дозволиме публиката да ни го одвлече вниманието, ќе го најдеме патот до таа цел“- вели Моралес за Спортска Мрежа.

FOTO: Spojrzenia – Jerzy Stankowski

Така, Висла Плок ќе има исклучително тежок испит во Скопје, каде Вардар ќе ја има поддршката од својата публика. За гостите, концентрацијата и способноста да го задржат фокусот во текот на сите 60 минути ќе бидат клучни доколку сакаат да стигнат до бодовите од „Јане Сандански“.

FOTO: Spojrzenia – Jerzy Stankowski

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Ракомет

Бутел славеше над Горица, но европскиот пат заврши во второто коло

Ракометарите на Бутел Скопје ја завршија европската авантура во второто коло од ЕХФ Европскиот Куп, иако на реваншот во „Расадник“ славеа против Горица...

Прва лигаФудбал

Брегалница со голема победа во Гостивар, Натаниел ја реши драмата во 92. минута!

Брегалница Штип оствари значајна победа на гостувањето кај Арсими 1973, совладувајќи го домашниот состав со 4-3 во натпревар од 11. коло на Првата...

Поврзани написи
Ракомет

Бутел славеше над Горица, но европскиот пат заврши во второто коло

Ракометарите на Бутел Скопје ја завршија европската авантура во второто коло од...

Ракомет

Алкалоид со нова убедлива победа над Ферлах за пласман во следната рунда!

Ракометарите на Алкалоид продолжуваат со сигурни чекори во ЕХФ Европскиот Куп, откако...

Ракомет

Блажески: Охрид не чувствува притисок од европската круна, целта е нов успех!

ГРК Охрид со уште една убедлива победа над Спор Тото ја потврди...

Ракомет

Вицешампионот Еурофарм Пелистер славеше над Младост од Богданци

Ракометарите на Еурофарм Пелистер ја оправдаа фаворитската улога и со убедливи 36-21...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!