ИнтернационалциФудбал

Игор Ангеловски со голема победа: Таџикистан ја совлада Кина

Сподели
ФОТО: Tajikistan Football Federation
Сподели

Игор Ангеловски запиша значаен триумф како селектор на Таџикистан, откако неговата репрезентација со 1:0 ја совлада Кина во пријателски натпревар одигран во Чонгкинг.

Одлуката за победникот падна во 53. минута. Вахдат Ханонов ја затресе мрежата на домаќините и му донесе водство на Таџикистан.

Само шест минути подоцна, Кина остана со играч помалку. Веи Шихао заработи втор жолт картон, што дополнително ја отежна задачата за домаќинот во обидот да дојде до израмнување.

Кинезите имаа поголем посед на топката и во продолжението се обидуваа да го пронајдат патот до голот, но избраниците на Ангеловски одиграа дисциплинирано и успеаја да ја сочуваат предноста до самиот крај.

За поранешниот селектор на Македонија ова беше втора победа во петтиот натпревар на клупата на Таџикистан. Триумфот добива дополнителна тежина бидејќи е остварен на гостински терен, против Кина, и без примен гол.

Претходно, Таџикистан беше поразен од Азербејџан со 0:1 и од Палестина со 2:4, па победата во Чонгкинг претставува позитивен одговор по двата порази.

Ангеловски продолжува со градењето на репрезентацијата на Таџикистан, а успехот против Кина е важен резултат во процесот на создавање поконкурентен национален тим.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Трета лигаФудбал

Победа Валандово остана на врвот, Овче Поле со пресврт, Брегалница Делчево славеше во Дојран, Каменица Саса со сигурен триумф над „фенерџијата“

Победа Валандово со минимален триумф над Хоризонт Турново останува на врвот во од табелата во Третата лига – Регион 3. Каменица Саса остана...

Втора лигаФудбал

Голем триумф за Камјани, дебитантот во финишот ги освои бодовите против Еуромилк и изби на четвртото место

Во судиското продолжение Камјани стигна до триумф над Еуромилк ГЛ и изби на четвртото место со што се комплетира 12. коло на Втората...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Струга Трим Лум со комплетен пресврт славеше над Брегалница во Штип и го сочува врвот

Иако имаа негатива по првите 45. минути, фудбалерите на Струга ТЛ триумфално...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!