ФудбалФутсал

Шампионот Проект се засили со младиот Андреј Коцевски

Сподели
Сподели

Македонскиот футсал шампион го претстави првото засилување за новата сезона, Андреј Коцевски го облекува дресот на тимот од Јосифово за сезона 2026/2027.

20-годишниот фудбал во редовите на Проект доаѓа од тимот на Клими од Кавадарци, каде настапуваше минатата сезона.

Станува збор за млад и талентиран фудбал, кој покрај искуството во футсал во дресот на Клими, има искуство и во големи фудбал, настапувајќи за Детонит Плачковица, кој е негов матичен клуб, беше дел од Беласица, настапуваше во младинските категории на Брера Струмимица, Брегалница и Академија Постолов.

Проект одбраната на титулата ја започнува на домашен терен против Јувентус Серава.



Минатата сезона Проект за првпат во клупската историја ја освои двојната круна и настапуваше во Лигата на шампионите.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Останати репрезентацииРепрезентација

Успех кој се памти: 4 златни, 3 сребрени и 9 бронзени медали за Македонската Традиционална Таеквон-до Федерација на силниот меѓународен натпревар „Србија опен 2026“

Македонската Традиционална Таеквон-до Федерација оствари одличен настап на меѓународниот таеквондо ИТФ натпревар „Србија опен 2026“, кој се одржа во Нови Сад, Србија. Во...

Турнири

Охрид подготвен за нова фудбалска приказна: Од 5 до 8 декември ќе се одржи Ohrid Winter Cup 2026

Охрид во зимски амбиент ќе биде домаќин на меѓународниот младински фудбалски турнир Ohrid Winter Cup 2026, кој ќе се одржи од 5 до...

Поврзани написи
Трета лигаФудбал

Влазерими на врвот, Караорман го следи лидерот, на дното е Демир Хисар

По седум кола во Трета лига регион 5 лидер на табела е...

ФудбалЧетврта лига

ФОТО: Готен го декласираше Подгор со ОСУМ гола, Василево го „потопи“ Интер Кукла, Банско со сигурна победа

Екс третолигашот Василево однесе огромна победа на домашен терен совладувајќи го Интер...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!