КупФудбал

КУП: Третолигашот Крошу Спорт против фаворитот Тиквеш во Неготино

Сподели
ФОТО: ГФК Тиквеш | АРХИВА
Сподели

Утре на Градскиот стадион во Неготино ќе се одигра уште еден меч од првата фаза на Купот на Македонија односно 1/16 финалето меѓу третолигашот Крошу Спорт од Битола и прволигашот Тиквеш од Кавадарци, кој ќе биде повеќе од апсолутен фаворит за следната фаза.

Натпреварот ќе започне во 14 часот, а правдата на истиот ќе ја дели Пларент Салихи, а негови помошници ќе бидат Идриз Идризи и Илчо Пауноски, а пак Бардхиљ Ибраими ќе биде четврти судија.

Делегат на средбата ќе биде Ивица Тасевски, а пак Никола Караколев ќе биде контролор.

Од првата фаза покрај овој меч ќе остане уште еден за комплетирање на првата фаза, на 14 октомври Вардар Неготино ќе игра со Работнички.

Досега пласман во осминафиналето обезбедија Струга Трим Лум, Пелистер, Македонија ЃП, Брера Струмица, Вардар, Башкими, Каменица Саса, Брегалница, Шкендија Арачиново, Новаци, Беласица и Арсими.

Поддржи ја Спортска Мрежа со симболична донација и помогни ни да продолжиме со промоцијата на македонскиот спорт

Утре и на 14 октомври ќе се добијат последните два патника, а Силекс има директен билет во осминафиналето како лански освојувач на Купот на Македонија.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Останати репрезентацииРепрезентација

Успех кој се памти: 4 златни, 3 сребрени и 9 бронзени медали за Македонската Традиционална Таеквон-до Федерација на силниот меѓународен натпревар „Србија опен 2026“

Македонската Традиционална Таеквон-до Федерација оствари одличен настап на меѓународниот таеквондо ИТФ натпревар „Србија опен 2026“, кој се одржа во Нови Сад, Србија. Во...

Турнири

Охрид подготвен за нова фудбалска приказна: Од 5 до 8 декември ќе се одржи Ohrid Winter Cup 2026

Охрид во зимски амбиент ќе биде домаќин на меѓународниот младински фудбалски турнир Ohrid Winter Cup 2026, кој ќе се одржи од 5 до...

Поврзани написи
Трета лигаФудбал

Влазерими на врвот, Караорман го следи лидерот, на дното е Демир Хисар

По седум кола во Трета лига регион 5 лидер на табела е...

ФудбалЧетврта лига

ФОТО: Готен го декласираше Подгор со ОСУМ гола, Василево го „потопи“ Интер Кукла, Банско со сигурна победа

Екс третолигашот Василево однесе огромна победа на домашен терен совладувајќи го Интер...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!