КупФудбал

КУП: Тиквеш со 13 гола го доби третолигашот Крошу Спорт како на тренинг меч

Сподели
ФОТО: ГФК Тиквеш | АРХИВА
Сподели

Тиквеш воопшто не се испоти за да се пласира во осминафиналето од Купот на Македонија, откако со 0:13 го декласираше третолигашот Крошу Спорт од Битола на Градскиот стадион во Неготино.

Реално, за очекување беше овој резултат, бидејќи прволигашот од Кавадарци има неколку класи разлика во квалитет, а за третолигашот Крошу Спорт едно искуство плус од овој Куп натпревар.

Мухамед Елмас по пет минути го отвори резултатот, до крајот на мечот Емануел Лавал постигна три гола заедно со Адешина Лукман Олувадамиларе, двојни стрелци беа Кристијан Ацковски и Ебубе Виздом Окере, а по еден гол постигнаа Ѓоко Спасов и Н’Фанли Сила.

Донирај за Спортска Мрежа и поддржи го независното известување за македонскиот спорт

Тиквеш им се приклучува на Струга Трим Лум, Пелистер, Македонија ЃП, Брера Струмица, Вардар, Башкими, Каменица Саса, Брегалница, Шкендија Арачиново, Скопје, Новаци, Беласица и Арсими, а последниот патник ќе го добиеме на 14 октомври со дуелот меѓу Вардар Неготино и Работнички.

Силекс како лански освојувач на Купот на Македонија има директен билет за осмифиналето.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Останати репрезентацииРепрезентација

Успех кој се памти: 4 златни, 3 сребрени и 9 бронзени медали за Македонската Традиционална Таеквон-до Федерација на силниот меѓународен натпревар „Србија опен 2026“

Македонската Традиционална Таеквон-до Федерација оствари одличен настап на меѓународниот таеквондо ИТФ натпревар „Србија опен 2026“, кој се одржа во Нови Сад, Србија. Во...

Турнири

Охрид подготвен за нова фудбалска приказна: Од 5 до 8 декември ќе се одржи Ohrid Winter Cup 2026

Охрид во зимски амбиент ќе биде домаќин на меѓународниот младински фудбалски турнир Ohrid Winter Cup 2026, кој ќе се одржи од 5 до...

Поврзани написи
Трета лигаФудбал

Влазерими на врвот, Караорман го следи лидерот, на дното е Демир Хисар

По седум кола во Трета лига регион 5 лидер на табела е...

ФудбалЧетврта лига

ФОТО: Готен го декласираше Подгор со ОСУМ гола, Василево го „потопи“ Интер Кукла, Банско со сигурна победа

Екс третолигашот Василево однесе огромна победа на домашен терен совладувајќи го Интер...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!