Останато

Претседателката Силјановска-Давкова во Таранто со поддршка за најбројната македонска делегација досега на Медитеранските игри

Сподели
ФОТО: Македонски Олимписки Комитет
Сподели

Македонија настапува со 88 спортисти во 19 од вкупно 33 спортови на програмата. Вечерва во 20 часот е свеченото отворање, кое гледачите ќе можат да го следат во живо на МРТ 1, а на МРТ 3 ќе бидат пренесувани и дел од натпреварите.

Италијанскиот град Таранто од денеска е центарот на медитеранскиот спорт, а меѓу знамињата на земјите учеснички е и македонското. Македонската делегација вчера пристигна во градот домаќин, подготвена за настапите на XX Медитерански игри „Таранто 2026“, а заедно со нив е и претседателката на Македонија, Гордана Силјановска-Давкова. Денеска, во Олимпиското село, таа се сретна со македонските претставници, се запозна со членовите на делегацијата и им упати поддршка пред почетокот на натпреварите.

Претседателката им посака успешни настапи и изрази надеж дека со својата посветеност, борбеност и спортски дух достоинствено ќе ги претстават македонските бои во Таранто. Присуството на претседателката на Медитеранските игри е историски момент за македонскиот спорт. За првпат откако Македонија настапува на оваа голема меѓународна спортска манифестација, на Игрите присуствува и претседател на државата, што претставува значајна поддршка и дополнителна мотивација за македонските спортисти.

Силјановска-Давкова во Таранто ќе престојува два дена, а вечерва ќе присуствува и на свеченото отворање на Игрите, заедно со делегациите од медитеранските земји. Нејзиното присуство во градот домаќин е дополнителна можност македонските спортисти да почувствуваат дека зад нивниот настап стои поддршката од целата земја. Вечерва во 20 часот официјално започнуваат Игрите, со церемонија која македонската јавност ќе може да ја следи на МРТ 1, додека дел од натпреварите во живо ќе се пренесуваат на МРТ 3. „Таранто 2026“ ќе трае до 3 септември, а македонските спортисти веќе ги имаа првите настапи. Нашите одбојкарки вчера го одиграа првиот натпревар на Игрите против Турција, во кој загубија со 3:0, со што за Македонија започна спортската приказна во Таранто.



Во следните денови македонските бои ќе ги бранат спортисти во 19 од вкупно 33 спортови на програмата: атлетика, бадминтон, бокс, велосипедизам, коњички спортови, мечување, ритмичка гимнастика, џудо, карате, стрелаштво, пливање, таеквондо, тенис, триатлон и борење – слободен стил, како и женските репрезентации во ракомет и одбојка, машката репрезентација во баскет 3х3 и машката фудбалска репрезентација до 21 година.

Македонија Во Таранто настапува со својата најбројна делегација досега на Медитеранските игри – вкупно 130 членови, од кои 88 се спортисти. Зад нив стои поддршката од Македонскиот олимписки комитет, кој во изминатиот период обезбедуваше услови за подготовките и настапот на Игрите. Дополнителна поддршка во Таранто ќе имаат и во делот на менталната подготовка, преку работата со Софија Арнаудова, сертифициран тренер за ментални перформанси, која ќе работи со спортистите на концентрацијата, менталната подготовка и справувањето со натпреварувачкиот притисок. Македонските спортисти на Игрите настапуваат во официјална опрема на ЈОМА, во која ќе ги претставуваат македонските бои на спортските терени.

Ова е четврто учество на Македонија на Медитеранските игри како независна држава, по Мерсин 2013, Тарагона 2018 и Оран 2022. Македонија досега има освоено 14 медали на Медитеранските игри, а новата генерација македонски спортисти во Таранто ќе има можност да ја продолжи оваа традиција.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

ФудбалФутсал

Шампионот со ново засилување: Проект го претстави Александар Черкезов

Македонскиот футсал шампион Проект го промовираше Александар Черкезов како ново засилување за сезона 2026/2027 кој стартува веќе овој викенд. Станува збор за 23-годишен...

ИнтернационалциФудбал

Игор Ангеловски со голема победа: Таџикистан ја совлада Кина

Игор Ангеловски запиша значаен триумф како селектор на Таџикистан, откако неговата репрезентација со 1:0 ја совлада Кина во пријателски натпревар одигран во Чонгкинг....

Поврзани написи
Останато

Сопиште доби ново мултифункционално спортско игралиште

Жителите на Општина Сопиште од денеска имаат современ и функционален спортски простор,...

Останато

Мохамед Атум пристигна во Македонија,18 млади пинг-понгари на камп во Пехчево

Мохамед Атум од Јордан, тренер од мрежата на Меѓународната пинг-понг федерација (ITTF),...

Останато

Митев: Олимпијакос е прв фаворит, шансата ќе ја бараме против Дрита

Македонскиот вицешампион Наковски Волеј втора сезона во низа е дел од меѓународната...

Останато

Штип УГД тргнува по нов трофеј: Суперкупот е првата станица кон одбрана на двојната круна

Нова сезона, нови предизвици и нова можност за трофеј за Штип УГД....

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!