Ракомет

Вардар бара силна поддршка од трибините за дербито со Охрид – влезот ќе биде слободен во „Јане Сандански“

Сподели
ФОТО: ГРК Охрид
Сподели

Вечерва во големата сала на СЦ „Јане Сандански“ се игра дербито меѓу Вардар и Охрид во рамки на 3. коло на плеј-офот на Супер лигата.

Вардар бара поддршка од трибините од верните навивачи, а за да има полни трибини скопскиот клуб се одлучи да ги отвори вратите на својот спортски храм и влезот да биде слободен.

„Слободен влез за дербито со Охрид. Ова е повик за сите што го чувствуваат Вардар. За сите што растеле со овие бои. За сите што знаат што значи полна сала и срце на терен. Ова е борба што се добива заедно. Вардар продолжува со силно темпо во борбата за титулата, а пред нас е нов важен предизвик – дуел против Охрид.
На 2 април, со почеток од 18:30 часот, во големата сала на СЦ „Јане Сандански“, не очекува уште една дерби пресметка која може да има големо значење во завршницата од сезоната. Се гледаме во „Јане Сандански“, се вели во соопштението на Вардар.

Дербито со кое ќе се затвори 3. коло на плеј-офот започнува во 18:30 часот.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Ракомет

Костов блесна против шампионот: 15 гола од 15 обиди за охриѓанецот!

Охриѓанецот Наум Костов одигра натпревар за паметење во дресот на Куманово и со неверојатна реализација се најде во центарот на вниманието во второто...

Ракомет

Пелистер, Алкалоид, Вардар и Тиквеш со победи во Супер лигата!

Четири натпревари од Супер машката лига донесоа очекувани победи на фаворитите, но дел од нив мораа добро да се испотат за да стигнат...

Поврзани написи
Ракомет

Костов блесна против шампионот: 15 гола од 15 обиди за охриѓанецот!

Охриѓанецот Наум Костов одигра натпревар за паметење во дресот на Куманово и...

Ракомет

Пелистер, Алкалоид, Вардар и Тиквеш со победи во Супер лигата!

Четири натпревари од Супер машката лига донесоа очекувани победи на фаворитите, но...

Ракомет

„Добро бевме подготвени за натпреварот, а тоа го покажавме и на теренот“ – Ивановски по триумфот на Охрид во Езерското дерби!

Охрид убедливо го доби Езерското дерби, откако „гладијаторите“ со сигурна и доминантна...

Ракомет

ФОТО: Младост прокоцка голема предност и на крај загуби од Прилеп

Ракометарите на Младост беа на чекор од првата сезонска победа, но на...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!