Ракомет

Реми во Ресен: Костадинов го спаси Радовиш од пораз, Вардар Неготино го „прегази“ Текстилец среде Штип

Сподели
Сподели



Вистинска драма понуди мечот во Ресен од 5. коло на Првата ракометна лига меѓу Преспа и Радовиш, каде немаше победник, двете екипи одиграа 22:22, а ланскиот суперлигаш во финишот се спаси од пораз, благодарение на голот на Филип Костадинов.

Домаќинот подобро влезе на мечот и градеше посериозна предност плус четири на 8:5 и 9:5, а до крајот на првиот дел Радовиш намали на минус еден при 13:12.

Во вториот дел Радовиш го презеде водството и имаше контрола, но без сили резултатски да се одлепи имаше два гола предност при 17:19, а финишот беше вистинска драма.

Во 52. минута резултатот беше 19:19, кога Васе петров погоди за 19:20, потоа Иван Костовски израмни на 20:20, а потоа Филип Костадинов погоди за нова предност на радовишани од 20:21, а веднаш преспа преку Борјан Веслиевски израмни на 21:21.

Домашниот тим побара тајм-аут, а по истиот Мартин Табаковски погоди за водство на Преспа од 22:21 во 59. минута од средбата. Во самиот финиш Филип Костадинов погоди уште еднаш за конечни 22:22.

Мартин Табаковски со седум гола беше прво име кај Преспа, а го следеше Христијан Антовски со четири погодоци. Кај Радовиш прв стрелец беше Филип Костадинов со осум гола, втор беше Васе Петров со шест.

Овче Поле без проблеми славеше во Македонска Каменица со убедливи 28:46 над Сокол Саса, каде со по седум гола Теофил Јанев и Александар Димитров беа најдобри стрелци за скопскиот тим, за домаќинот Мирче Ѓеоргиев беше најдобар со осум гола.

Аеродром славеше со тесни 31:30 над Македонија ЃП на домашен терен, каде Бојан Поповски го водеше победничкиот тим со шест гола, Бојан Чакалиќ беше прв кај поразениот тим со осум гола.

Досега непоразениот лидер Текстилец доживеа дебакл на домашен терен од Вардар Неготино губејќи со високи 25:36. Од самиот старт на средбата во „Тошо Арсов“ гостинот имаше предност и истата само ја зголемуваше и одржуваше.

Кирил Миленков со осум гола беше прв кај Текстилец, кај гостинот Костадин Петров имаше осум, а Мартин Димов седум гола.

Партизан славеше домашна победа од 39:37 над Шампион, каде Мартин Ашовалиев беше прв стрелец кај домаќинот со девет гола, кај гостинот со по седум гола се издвоија Ненад Богоевски и Филип Спирковски.



Драчево Јуниор со 43:25 ја декласираше Јехона која немаше капацитет да му парира на домашниот тим.

Виктор Панчевски со 11 гола беше прв кај домаќинот, а Виктор Трифуновски со десет гола беше прво име кај гостинот.

Ланскиот суперлигаш Пролет на домашен терен загуби од Илинден со 28:33, со што дебитантот забележа голема победа.

Јован Соколоски имаше девет гола за Пролет, а Антонио Наковски десет реализации за Илинден.

Со по осум гола Драчево Јуниор, Аеродорм и Текстилец го делат врвот, Пролет и Вардар Неготино го делат четвртото место со по седум бодови, Македонија ЃП и Партизан имаат по шест бода за делба на шестото место.

Радовиш е осми со пет бода, Овче Поле и Илинден имаат по четири бода, Преспа е на 11. место со три бода, Шампион и Јехона со по два бода го делат 12-тото место, на дното е Сокол Саса единствен тим без бодови.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Останато

Марко Топузовски со бронза од Светските игри во кинеско борење во Италија

Македонскиот борач Марко Топузовски освои бронзен медал на Светските игри во кинеско борење „World Shuai Jiao Games 2026“, кои се одржуваат во Монтесилвано,...

Ракомет

Реми во Ресен: Костадинов го спаси Радовиш од пораз, Вардар Неготино го „прегази“ Текстилец среде Штип

Вистинска драма понуди мечот во Ресен од 5. коло на Првата ракометна лига меѓу Преспа и Радовиш, каде немаше победник, двете екипи одиграа...

Поврзани написи
Ракомет

Охрид славеше во дербито против Алкалоид пред домашната публика

Охрид триумфираше во дербито против Алкалоид со 26:24, во меч од 6....

Ракомет

Вардар остана перфектен, Тиквеш славеше во драма, Прилеп го шокираше Бутел!

Три интересни натпревари донесе новото коло во ракометната Суперлига. Вардар 1961 ја...

Ракомет

Драма во Богданци: Младост испушти шест гола предност, Еурофарм Пелистер 2 се спаси со реми!

Вистинска ракометна драма се одигра во спортската сала „Млаз“ во Богданци, каде...

Ракомет

Еурофарм Пелистер убедлив против Куманово за петта победа во Суперлигата

Еурофарм Пелистер ја продолжи победничката серија во домашниот шампионат, откако во Битола...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!