Ракомет

Алкалоид го започнува европскиот пат: Австриски Келаг Ферлах доаѓа во Автокоманда

Сподели
ФОТО: РК Алкалоид
Сподели

Ракометарите на Алкалоид се подготвени за нов европски предизвик, а првата пречка на патот во ЕХФ Европскиот Куп ќе биде австрискиот претставник Келаг Ферлах. Македонскиот тим ќе ја има предноста на домашниот терен на стартот од двомечот, со желба да направи важен чекор кон пласман во следната фаза од натпреварувањето.

По дербито со Охрид, изминатиов викенд на домашната сцена, за избраниците на Алкалоид следува ново поглавје во Европа, каде што секој гол и секоја одбрана можат да имаат големо значење. Автокоманда ќе биде местото на првата пресметка, а поддршката од трибините може да биде дополнителен мотив за тимот да го отвори европскиот предизвик на посакуваниот начин.

Натпреварот меѓу Алкалоид и Келаг Ферлах ќе се одигра во сабота, на 17 октомври, со почеток од 19:00 часот, во салата „Автокоманда“ во Скопје. Алкалоид го очекува сериозен европски испит, со јасна цел – да ја искористи предноста на домашниот терен и да обезбеди добра основа пред реваншот.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Колото се отвара во петок, дербито меѓу Струга и Шкендија се игра во сабота

Познати е распоредот на натпреварите за 13. коло на Првата македонска фудбалска лига, а кое коло се отвара во петок, а ќе се...

ИнтернационалциФудбал

(ФОТО) Брера Струмица подготвена за реваншот со Хофенхајм: Три гола негатива, но и голем мотив за ново европско докажување!

Македонскиот шампион Брера Струмица вечерва го одработи последниот официјален тренинг во Германија, во пресрет на утрешниот реванш натпревар против германски Хофенхајм, во рамките...

Поврзани написи
Ракомет

Ројевиќ не ги заборава успесите со Војводина: Поранешниот клуб му посвети посебна порака!

Репрезентативната пауза донесе и средба со минатото за тренерот на ГРК Охрид,...

Ракомет

Охриѓани со густ распоред во ноември: Пет натпревари, европски двомеч и големо дерби во Битола!

Ракометарите на ГРК Охрид ги очекува исклучително  напорен ноември, во кој ќе...

Ракомет

Вардар го сопре Пелистер, но следниот противник е само два бода зад него

Вардар со победата од 31:23 над Еурофарм Пелистер остана единствениот непоразен состав...

Ракомет

Преполн „Млаз“, голема борба и враќање од минус шест – Младост се доближи на два гола, но Тиквеш ги однесе бодовите!

Ракометарите на Младост 1977 не успеаја да ја остварат првата сезонска победа...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!