ФудбалЧетврта лига

ФОТО: Грозд го декласира Банско со 6:1, Готен покажа моќ, Петар Томов со хет-трик за Единство, висока победа за Слога од Злеово

Сподели
Сподели

Готен со убедлива победа од 4:1 над Сачево ја отвори сезоната во Општинската фудбалска лига во Струмица. Првото полувреме од мечот кој се играше во Подареш понуди три гола, домаќинот преку Даниел Бојчев во 13. минута го отвори резултатот, а десет минути подоцна Зоран Спасов ја дуплираше предност. Гостинот успеа да намали на 2:1 на полувреме преку гол на Јосиф Стојков.

Во второто полувреме Исмет Чокаланов постигна гол за 3:1 во 55. минута, а само пет минути подоцна капитенот Иван Конзулов постигна гол за конечни 4:1.

Огромна победа однесе тимот на Грозд од Дрвош, откако на домашен терен со 6:1 го декласираше тимот на Банско, во дуелот каде Ирфан Дестанов постигна хет-трик, а по еден гол постигнаа Никола Јованов, Ердал Демиров и Димитар Ѓоргиев. За гостинот утешен гол постигна Никифор Милчовски.

Интер Кукла во меч со осум гола славеше над Подгор КМБМ во Колешино, откако гостинот од Куклиш беше подобар со 3:5.

ПОДДРЖЕТЕ ЈА СПОРТСКА МРЕЖА СО СИМБОЛИЧНА ДОНАЦИЈА И ПОМОГНЕТЕ НИ ДА ПРОДОЛЖИМЕ ДА ГО ПРОМОВИРАМЕ МАКЕДОНСКИОТ СПОРТ

Гостинот одлично го отвори резултатот и на полувреме имаше два гола предност, а во вториот дел ја потврди победата. Двоен стрелец за домашниот тим беше Давид Златанов, а еден гол беше дело на Бојан Спасков, за гостинот Филип Муканов и Ване Кршков беа двојни стрелци, а еден гол постигна Тимче Јаневски.

Со ист резултат од 3:5 славеше и тимот на Напредок Здравје Радово во Добрејци над Илинден. За домаќинот Роберт Томов ги постигна трите гола во вториот дел, додека пак за гостинот Антонио Ристов погоди во 10. минута за отварање на резултатот, а потоа Никола Стојанов постигна два гола за 0:3 на полувреме, а во вториот дел Никола Сирачев беше двоен стрелец.

Слога од радовишко Злеово со убедлива победа ја отвори новата сезона откако на домашен терен со 5:2 славеше над Младост од Муртино. Стојанче Цветков беше стрелец на три гола за домаќинот, а двоен стрелец беше Наце Ѓоргиев, додека пак за гостинот двата гола беа дело на Александар Костурски.



Трите бодови останаа во Пиперово откако Единство со 4:1 славеше убедливо над Спартмани. Петар Томов постигна три гол за Единство, а еден гол беше дело на Васил Андонов, за гостинот Борислав Чонев беше единствен стрелец.

Василево преку пресврт славеше победа од 4:2 над Струмешница. Гостинот преку Ване Новков по четири минути го отвори резултатот, но потоа некогашниот третолигаш преку два гола на Мите Митров направи пресврт, а Адријан Николов погоди за 3:1 на полувреме.

Во вториот дел гостинот преку Иван Спасов намали на 3:2 во 70. минута и ја врати неизвесноста, но во 87. минута Митров со трет гол стави печат на голема победа.



ПОДДРЖЕТЕ ЈА СПОРТСКА МРЕЖА СО СИМБОЛИЧНА ДОНАЦИЈА И ПОМОГНЕТЕ НИ ДА ПРОДОЛЖИМЕ ДА ГО ПРОМОВИРАМЕ МАКЕДОНСКИОТ СПОРТ

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

ФудбалФутсал

Историска победа за Шутка 1, пет гола за Армандо Алијевиќ, Победа декласирана со 14 погодоци!

Дебитантот Шутка 1 ја забележа првата историска победа во Втората футсал лига, откако вечерва триумфираше убедливо над Победа со резултат од 14:1. Вечерва...

Прва женска фудбалска лигаФудбал

Христина Јовановска го реши дербито во Струмица, Јована Павловска донесе три бода за Ас Јунајтед, Пелистер со „шестка“ за Ас Јунајтед

Со голот на Христина Јовановска беше решено дербито во Струмица, откако Каменица Саса со минимални 0:1 го доби дербито со Тиверија Брера, во...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Историска победа за Шутка 1, пет гола за Армандо Алијевиќ, Победа декласирана со 14 погодоци!

Дебитантот Шутка 1 ја забележа првата историска победа во Втората футсал лига,...

Трета лигаФудбал

Доброшти славеше во Дебар, Гостивар испушти 2:0, Џепчиште со „петка“

Доброшти со победа од 1:3 на гостувањето кај Кораби ја продолжи трката...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!