Прва лигаФудбал

Шкендија остана на врвот, но шампионот Вардар е на минус три, станува неизвесно во средишниот дел на табелата

Сподели
ФОТО: ФК Шкендија
Сподели

Шкендија успеа да го сочува врвот од табелата по девет кола во Првата лига, откако Струга не успеа да слави над Башкими, но сега бодовната разлика на вицешампионот се стопи.

Шкендија е прва со 20 бодови, но Струга Трим Лум и Вардар го делат второто место со по 17 бодови, само три бодови е разликата меѓу трите поранешни шампиони.

Тиквеш е во чекор за врвот, тимот од Кавадарци со 16 бодови го држи четвртото место, а пак Шкендија Арачиново е на петтото место со 14 бодови.

Силекс и Брегалница го делат шестото место со по десет бодови, додека пак Арсими кој е во бараж зоната има девет бодови. Башкими е претпоследен односно во зоната за директно испаѓање со седум бодови, а пак Скопје е на дното со само три бодови.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Ракометна репрезентацијаРепрезентација

Македонија ги започна подготовките за ЕХФ ЕУРО 2026 – ракометарките пред европскиот предизвик ќе тестираат со Финска, Италија и Турција!

Женската сениорска ракометна репрезентација на Македонија официјално ги започна подготовките за настапот на Европското првенство – ЕХФ ЕУРО 2026. Македонските ракометарки денеска го...

Ракомет

Паунков: Победата над Струга ќе ни биде ветер во грб, нашата цел е сигурен опстанок

Синоќешната победа на Младост над Струга е силен ветер во грб за продолжението од првенството, особено што во следното коло одново во „Млаз“...

Поврзани написи
Трета лигаФудбал

Скопје ја преполови разликата до Арсими: Варадиновски ја врати надежта во Автокоманда за опстанок

Скопје конечно ја запиша првата првенствена победа сезонава, совладувајќи го Арсими со...

Прва лигаФудбал

Тиквеш се одвои од Вардар: три гола во Скопје за посилен притисок врз врвот

Тиквеш го совлада Вардар со 0:3 на Националната арена „Тодор Проески“ и...

Втора лигаФудбал

Охрид го чува врвот, Кожуф ја изненади Брера, Осогово на бод до Новаци

Охрид, Пелистер и Работнички со победи ја продолжија трката на врвот во...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!