Прва лига

Стоилов ја започнува новата мисија: легендата на Вардар ќе го води Бутел Скопје како прв тренер!

Сподели
ФОТО: Stojanche Stoilov (Стојанче Стоилов) facebook
Сподели

Македонската ракометна икона Стојанче Стоилов е пред нов предизвик во својата кариера – за првпат ќе биде главен тренер на еден суперлигашки клуб. Легендарниот поранешен капитен на Вардар ќе седне на клупата на РК Бутел Скопје и ќе ја предводи екипата од следната сезона.

По завршувањето на блескавата играчка кариера, Стоилов веќе извесен период беше дел од тренерските води, како асистент во Вардар, а воедно е и член на стручниот штаб на македонската репрезентација. Сега, пред него е првиот самостоен ангажман како шеф на стручен штаб.

Стоилов доаѓа на местото на Горан Кузманоски, кој по завршувањето на сезоната ќе замине во Кипар каде ќе ја продолжи кариерата. До тогаш, актуелниот тренер ќе го води тимот, по што ќе следи официјалното преземање на функцијата од страна на Стоилов.

Во Бутел Скопје веруваат дека неговото огромно искуство, авторитет и познавање на македонскиот ракомет ќе донесат нова енергија и дополнителен квалитет во тимот, кој и во иднина има амбиции за висок пласман во Суперлигата.



Официјалната промоција на Стоилов се очекува да се одржи наскоро, кога клубот ќе ги претстави и плановите за следната сезона.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Втора лигаФудбал

Спирко Златков нов тренер на Осогово, второлигашот од Кочани и со нов тренер на голмани

Второлигашот Осогово го назначи Спирко Златков за нов шеф на стручниот штаб, кој доаѓа на местото на Крсте Крстев, кој по седум кола...

ИнтернационалциФудбал

ФОТО: Брера го одработи последниот тренинг, позитивна атмосфера пред реваншот со Санта Колома – младите струмичани атакуваат на нова победа во ЛШ!

Младинскиот тим на Брера Струмица е подготвен за нов европски предизвик! Струмичани денеска го одработија последниот тренинг на стадионот „Истатов“ пред утрешниот реванш...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Вардар е во најдобра форма во Првата лига, Шкендија не блеска во последните пет кола!

Трката за врвот во Првата лига се „разгорува“ иако Шкендија е на...

Прва лигаФудбал

Башкими го шокира фаворитот Струга Трим Лум и освои големи три бода!

Башкими приреди големо изненадување, совладувајќи ја фаворизираната Струга Трим Лум со 2-1...

Прва лигаФудбал

Малески: Имаме почит против Башкими, но се надеваме на победа и нови три бода

Струга Трим Лум по тринеделната пауза поради репрезентативните обврски се враќа на...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!