Останато

Струмица на улица – Sunday run на 1 ноември: Над 250 тркачи веќе се пријавени!

Сподели
Сподели

Струмица повторно ќе биде во знакот на трчањето, спортот и позитивната енергија. Петтото издание на градската трка „Струмица на улица – Sunday run“ ќе се одржи на 1 ноември 2026 година, а интересот за настанот веќе е голем, со повеќе од 250 пријавени тркачи.

Учесниците ќе имаат можност да изберат една од трите дисциплини: трка на 5 километри, 10 километри или полумаратон на 21,1 километар. Пријавувањето се одвива преку официјалната веб-страница www.strumicanaulica.mk.

Сите заинтересирани што ќе се пријават најдоцна до 18 октомври ќе добијат загарантирана Dri-Fit маица со специјален дизајн во рамките на стартниот пакет.

Генерален партнер на јубилејното петто издание е брендот Sunday на компанијата Колид С, а организацијата е поддржана и од повеќе компании од Струмица и регионот.



Организаторите најавуваат унапредено искуство за учесниците, со поголем организациски тим, подобра опрема и поддршка од партнерите кои веруваат во развојот на настанот. Нивната цел е трката да прерасне во уште поквалитетна спортска манифестација, која ќе ги обедини љубителите на трчањето од земјава и регионот.

„Трката постои пет години и луѓето ја сакаат. Она што досега недостасуваше е организација што ќе ја крене на ниво на кое Струмица заслужува. Оваа година го правиме токму тоа – со поголем тим, со подобра опрема и со партнери кои веруваат во настанот. И годинава целта е јасна: да ги обединиме тркачите од земјава и регионот на улиците каде што сме најсреќни. Заедно испраќаме порака дека спортот е простор што поврзува генерации, луѓе и различни приказни“, изјавија членови на организацискиот тим.

Трката ќе се одвива низ градските улици на Струмица, а за сите учесници ќе биде обезбедено електронско мерење на времето преку чип, како и станици за освежување распоредени долж патеката. Секој тркач што ќе ја мине целта ќе добие и финишерски медал, како спомен на учеството во ова спортско доживување.

Во изминатите години, „Струмица на улица – Sunday run“ прерасна во настан што ги поврзува различните генерации, поттикнува нови атлетски успеси и ја зајакнува локалната гордост и заедничкиот дух. Петтото издание е можност оваа приказна да продолжи да се развива и да привлече уште поголем број учесници.

На 1 ноември, улиците на Струмица повторно ќе бидат исполнети со тркачи, навивачи и љубители на спортот, во настан кој испраќа јасна порака дека трчањето не е само натпревар, туку и начин луѓето да се поврзат и заедно да создаваат позитивна спортска приказна.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Прва женска фудбалска лигаФудбал

Јован Качевски ќе го суди дербито меѓу Љуботен и Скопје, Никола Петковски ќе им суди на Истатов и Кочани

Познати се судиите кои ќе ја делат правдата на дербито на 11. коло на Првата женска фудбалска лига во Тетово, меѓу лидерот Љуботен...

Ракометна репрезентацијаРепрезентација

Шест победи, но нов противник: Македонија против Луксембург го отвора патот кон десеттото ЕП

Македонската ракометна репрезентација има совршен биланс против Луксембург — шест победи во шест меѓусебни натпревари. Во среда, од 19 часот во „Борис Трајковски“,...

Поврзани написи
Останато

Штип УГД директно во главната рунда, на 9 декември ја пречекува Пјаченца

Македонскиот шампион Штип УГД, по завршувањето на своето премиерно учество во Лигата...

Останато

Младост го сопре Работнички, Наковски без загубен сет: Два тајбрека го одбележаа третото коло

Младост УГД ја забележа најтесната домашна победа во третото коло од женската...

Останато

Ристовски му честиташе на Христијан Бузалковски за европската вицешампионска титула

Министерот за спорт, Борко Ристовски, денеска оствари средба со македонскиот мотоциклист Христијан...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!