Ракомет

Стојанче Стоилов ја започнува самостојната тренерска приказна – од лето на клупата на Бутел Скопје

Сподели
Сподели

Македонската ракометна легенда Стојанче Стоилов од следната сезона ќе биде нов шеф на стручниот штаб на Бутел Скопје, откако потпиша двегодишен договор со суперлигашот. Тој ќе го наследи Горан Кузманоски, кој по крајот на актуелната сезона заминува во странство.

За Стоилов ова ќе биде прв самостоен ангажман како прв тренер, по искуството што го стекна како дел од стручниот штаб на македонската сениорска репрезентација и работата во Вардар. Во Бутел Скопје ќе има можност да започне ново поглавје во кариерата и да гради сопствен тренерски пат.

Зад себе Стоилов има импресивна играчка кариера. Настапуваше за Металург, романскиот Одорхеи и Вардар, каде помина 13 сезони и освои бројни трофеи, меѓу кои две титули во Лигата на шампионите, десет шампионски титули во македонската Суперлига, 11 Купови на Македонија и пет трофеи во регионалната СЕХА лига.

Новиот стратег на Бутел Скопје јасно ги истакна своите планови и визија за клубот.

“Сакам да се заблагодарам за довербата на раководството на Бутел Скопје. Ситуацијата во македонскиот ракомет е чиста – сега имаме четири клубови кои се помоќни финансиски од другите, но за да имаме силна репрезентација, другите клубови треба да се посветат повеќе внимание на македонските млади играчи и да не купуваат странци. Бутел веќе има костур на екипата, иако има и млади ракометари, но тие имаат суперлигашко искуство. Би го надополнил ростерот со млади од други екипи за кои сметам дека може да станат големи играчи. Амбициите остануваат и за наредната сезона – пласман во плеј-офот, само со македонски ракометари”, изјави новиот стратег на клубот.

Задоволство од постигнатиот договор изрази и претседателот на клубот, Бојан Спасовски, кој потенцираше дека изборот паднал на вистинско решение.

“Баравме идеално и квалитетно решение за клупата на Бутел Скопје. Имавме краток состанок со Стоилов и веднаш се договоривме. Станува збор за легенда не само во македонскиот ракомет, туку и пошироко. Со него ќе добиеме и на квалитет и на искуство на клупата, а во ростерот и натаму ќе имаме млади македонски играчи. Амбициите ни се високи, па затоа се договоривме за соработка на две сезони. Mу даваме одврзани раце на Стоилов околу формирање на ростерот, а ние како раководство ќе се потрудиме да му обезбедиме максимални услови за работа”, изјави Спасовски.

Со ангажманот на Стоилов, Бутел Скопје јасно покажува дека сака стабилност, развој и амбициозен пристап во наредниот период, со фокус на домашни ракометари и долгорочен напредок.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ три од три дома, Работнички три од три на гости пред вечното дерби

МЗТ Скопје Аеродром и Работнички влегуваат во дербито од седмото коло со по една серија што ќе биде прекината. Шампионот ги доби сите...

ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а две екипи немаат бодови. Каршиака и Црна Река не знаат за...

Поврзани написи
Ракомет

Астибо до голема победа над Струга на крилата на Анастасија Богоевска, Ева Манева и Ана Марија Накова

Астибо предводен од Габриела Величковска стигна до својата трета сезонска победа откако...

Ракомет

(ВИДЕО) Седум од седум! Пионерите на Младост го освоија Скопје, падна и Алкалоид – богданчани незапирливи!

Пионерите на Младост од Богданци продолжуваат со импресивните настапи во новата сезона....

Ракомет

Ракометен празник во Богданци: Легендарната „Млаз“ ќе ги пречека младите ракометни надежи на турнирот У13 – Исток!

Богданци повторно ќе биде во центарот на ракометните случувања, овојпат со најмладите...

Ракомет

Општина Конче испишува нова спортска приказна: Младите ракометари на РК Феникс ја бодреа Македонија од трибините!

Руралната општина Конче продолжува со поддршката и развојот на спортот, а благодарение...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!