Ракомет

Филип Лазаров потпиша нов договор со Интерактив Ратинген!

Сподели
ФОТО: Interaktiv handball
Сподели

Поранешниот македонски ракометен репрезентативец, Филип Лазаров, ја продолжи својата соработка со германскиот клуб Интерактив Ратинген, потпишувајќи нов договор што ќе му овозможи да ја започне осмата сезона во клубот.

Лазаров, кој во клубот дојде како играч, а подоцна ја презеде тренерската улога, успешно го водеше тимот до две промоции во повисок ранг во последните три години, со што Интерактив Ратинген сега се натпреварува во Третата Бундеслига.

„Ова ќе биде моја осма година во клубот – и јас сум среќен поради тоа. Токму затоа мојата мотивација и чувството за одговорност беа постојано високи. Главната причина поради која продолжувам е успешната сезона, која сè уште трае. Се чувствувам како да почнавме да пишуваме нова успешна приказна – и сакам да продолжам да бидам дел од неа“, изјави Лазаров.

Со новиот договор и позитивниот импулс што го носи успешната сезона, Лазаров се надева дека со искуството и тимската работа ќе успеат да обезбедат опстанок во Третата Бундеслига за сезоната 2025/2026.

Виолета Јанчева, Спортска Мрежа

Сподели

Не пропуштајте

Трета лигаФудбал

Победа Валандово брка 5/5, фаворитите се под притисок: Петтото коло може да ја „раздрма“ Третата лига регион 3!

Во недела ќе се одиграат натпреварите од петтото коло во Третата македонска фудбалска лига – регион 3, кое може да донесе промени на...

ФудбалЧетврта лига

Новата сезона во ОФЛ Струмица стартува во недела, ќе се натпреваруваат 14 екипи

Со 14 екипи во недела ќе започне новата сезона 2026/27 во Општинската фудбалска лига – Струмица. Ждрепката е закажана за утре, кога ќе...

Поврзани написи
Ракомет

Зечевиќ пред дербито со Алкалоид: „Верувам во својата екипа, ќе ја израдуваме охридската публика“

По убедливиот пораз на гостувањето кај Вардар во минатото коло, ракометарите на...

Ракомет

Пелистер до првиот европски бод, Кузмановски со капитенска партија за паметење!

Еурофарм Пелистер стигна до првиот бод во новата сезона во Европската лига,...

Ракомет

ЕКСКЛУЗИВНО: Моралес пред Вардар – Висла: „Два бода од „Јане Сандански“ се многу тешка задача!“

Вардар го очекува нов европски предизвик во Лигата на шампионите, а на...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!