Трета лигаФудбал

Победа Валандово брка 5/5, фаворитите се под притисок: Петтото коло може да ја „раздрма“ Третата лига регион 3!

Сподели
Сподели



Во недела ќе се одиграат натпреварите од петтото коло во Третата македонска фудбалска лига – регион 3, кое може да донесе промени на врвот на табелата. Неколку екипи кои имаа резултатски неубедлив старт ќе имаат можност за рехабилитација, додека лидерот Победа Валандово ќе се обиде да го задржи максималниот ефект.

Особено интересно се очекува да биде во Делчево, каде што Брегалница ќе го пречека Овче Поле. Двете екипи влегуваат во натпреварот по порази во претходното коло. Брегалница загуби на гостувањето кај Ударник со 5:2, додека Овче Поле на домашен терен минимално беше поразен од лидерот Победа Валандово со 0:1. Поради тоа, и двете екипи ќе бараат победа со која би се вратиле на победнички патеки.

Победа Валандово на домашен терен ќе го пречека Малеш од Берово. „Калинкарите“ имаат максимални четири победи и 12 бодови и ќе се обидат да стигнат до петта победа во низа. Малеш, пак, има осум бодови и оваа сезона покажува подобро издание во однос на претходните сезони, па лидерот ќе има сериозен предизвик пред себе.

Поддржи ја Спортска Мрежа со симболична донација и помогни ни да продолжиме со промоцијата на македонскиот спорт

Во Македонска Каменица, Каменица Саса ќе биде домаќин на Тиверија. Ланскиот второлигаш по четири кола има шест бодови, додека Тиверија има многу тежок почеток на сезоната. Струмичкиот тим во првите две кола претрпе убедливи порази, потоа не го одигра својот трет натпревар, а во последното коло загуби од Хоризонт Турново. Тиверија на четири натпревари прими дури 37 голови.

Интересна пресметка се очекува и во Ново Село, каде што Огражден ќе игра против Ударник. Домаќинот е едно од најпријатните изненадувања на стартот на сезоната, со 10 освоени бодови и второ место на табелата. Огражден ќе има предност од домашниот терен и поддршката од публиката, но Ударник во претходното коло славеше убедливо против Брегалница и ќе се обиде да продолжи со позитивни резултати.

Дојранско Езеро на домашен терен ќе ја пречека Слога Виница. Домаќинот по четири кола има седум бодови и влегува како фаворит за трите бода, додека Слога има само еден освоен бод. Ланскиот второлигаш од Виница ќе се обиде токму на ова гостување да стигне до првата победа во новата сезона.



Во Турново, Хоризонт ќе биде домаќин на Карбинци. Гостите се без бодови по четири одиграни натпревари и се наоѓаат во долниот дел од табелата. Хоризонт, пак, во минатото коло убедливо ја совлада Тиверија и ќе се обиде со нов триумф да го продолжи позитивниот моментум.

По четири кола, Победа Валандово е лидер со 12 бодови, пред Ограден со 10 и Малеш со осум. Дојранско Езеро и Брегалница имаат по седум бодови, Каменица Саса е со шест, додека Овче Поле и Хоризонт Турново имаат по пет.

Ударник е деветти со четири бодови, Слога Виница има еден, додека Карбинци и Тиверија се без освоени бодови.

Петтото коло може дополнително да ја раздвижи табелата, особено доколку некој од водечките тимови загуби бодови. Најголем предизвик повторно ќе биде пред Победа Валандово – дали „Калинкарите“ ќе стигнат до пет од пет?



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Трета лигаФудбал

Победа Валандово брка 5/5, фаворитите се под притисок: Петтото коло може да ја „раздрма“ Третата лига регион 3!

Во недела ќе се одиграат натпреварите од петтото коло во Третата македонска фудбалска лига – регион 3, кое може да донесе промени на...

ФудбалЧетврта лига

Новата сезона во ОФЛ Струмица стартува во недела, ќе се натпреваруваат 14 екипи

Со 14 екипи во недела ќе започне новата сезона 2026/27 во Општинската фудбалска лига – Струмица. Ждрепката е закажана за утре, кога ќе...

Поврзани написи
ФудбалЧетврта лига

Новата сезона во ОФЛ Струмица стартува во недела, ќе се натпреваруваат 14 екипи

Со 14 екипи во недела ќе започне новата сезона 2026/27 во Општинската...

Трета лигаФудбал

Боби Божиновски дел од стручниот штаб на третолигашот ФК Илинден

Третолигашот Илинден продолжува со засилување на стручниот штаб, а ново име во...

ФудбалФутсал

Проект го промовираше младиот и талентиран Јован Бојчев

Шампионот Проект промовираше уште едно млад и талентиран играч за новата сезона,...

ИнтернационалциФудбал

Ивана Пројковска и Елена Соклевска – Илиевски ќе делат правда на мечот меѓу Словачка и Украина

Македонските судии Ивана Пројковска и Елена Соклевска – Илиевски добија нова задача...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!