ФудбалЧетврта лига

Новата сезона во ОФЛ Струмица стартува во недела, ќе се натпреваруваат 14 екипи

Сподели
Сподели

Со 14 екипи во недела ќе започне новата сезона 2026/27 во Општинската фудбалска лига – Струмица. Ждрепката е закажана за утре, кога ќе бидат одредени натпреварувачките парови за првото коло, но и распоредот за целата сезона.

Новата сезона носи интересен спој на екипи кои во минатото настапувале во Третата лига, неколку дебитанти, како и клубови кои повторно се враќаат на фудбалската карта. Со тоа, ОФЛ Струмица се очекува да понуди интересна сезона, но уште поважно е што фудбалот повторно ќе заживее во повеќе населени места.

Со враќањето на клубовите на терените, се враќаат и атмосферата и традицијата на локалниот фудбал – публика покрај терените, навивање за омилената екипа, но и неизбежните пиво и скара како дел од фудбалскиот амбиент во струмичките населени места.

Поддржи ја Спортска Мрежа со симболична донација и помогни ни да продолжиме со промоцијата на македонскиот спорт

Според информациите на Спортска Мрежа, во новата сезона ќе настапат шест екипи кои беа дел од ОФЛ Струмица и минатата сезона: Интер Кукла од Куклиш, Грозд од Дрвош, Слога од Злеово, Единство од Пиперево, Илинден од Добрејци, Спартмани од Градско Балдовци и Напредок Здравје од Радово.



Лигата добива и неколку интересни повратници и нови имиња. Василево, поранешен третолигаш, по неколку сезони повторно се реактивира и се враќа на фудбалската карта. Во конкуренција ќе бидат и Подгор КМБМ од Колешино, Банско Дијаспора, Струмешница од Зубово, Младост Муртино Академија, Сачево, како и Готен од Подареш, кој повторно ќе биде активен по пауза од речиси една година.

Список на екипи во ОФЛ Струмица 2026/27:
ФК Интер Кукла – Куклиш
ФК Василево – Василево
ФК Подгор КМБМ – Колешино
ФК Банско Дијаспора – Банско
ФК ЗСФК Слога Унион – Злеово
ФК Грозд – Дрвош
ФК Струмешница – Зубово
ФК Младост Муртино Академија – Муртино
ФК Единство – Пиперево
ФК Илинден – Добрејци
ФК Готен – Подареш
ФК Спартмани – Градско Балдовци
ФК Напредок Здравје Радово – Радово
ФК Сачево – Сачево

Ждрепката утре ќе го даде распоредот на натпреварите за првото коло, но и целокупниот натпреварувачки календар за сезоната.

На крајот од сезоната, шампионот на Општинската фудбалска лига – Струмица ќе стекне право на настап во Трета лига – регион 3 во сезоната 2027/28, што дополнително ќе им даде мотив на клубовите за борба за врвот.

Новиот шампионат носи враќање на фудбалот во повеќе струмички населени места, реактивирање на клубови и нова можност за локалните екипи да се борат за место во регионалниот третолигашки ранг.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

КупФудбал

ФК Вардар поднесе жалба за неправилен настап на фудбалер на Тиквеш

На 29 октомври 2026 година, во Фудбалската федерација на Македонија пристигнала жалба од ФК Вардар за наводен неправилен настап на фудбалер на ГФК...

Кошаркарска репрезентацијаРепрезентација

Пет кошаркарки го завршуваат својот репрезентативен ангажман

Покрај промената на селекторската позиција, женската сениорска кошаркарска репрезентација на Македонија ќе претрпи промени и во играчкиот состав. Пет кошаркарки кои во изминатиот...

Поврзани написи
КупФудбал

ФК Вардар поднесе жалба за неправилен настап на фудбалер на Тиквеш

На 29 октомври 2026 година, во Фудбалската федерација на Македонија пристигнала жалба...

КупФудбал

Судискиот одбор одговори на критиките по куп натпреварот Вардар – Тиквеш

Во врска со натпреварот меѓу ФК Вардар и ФК Тиквеш од Купот...

Трета лигаФудбал

Тоше Манов најдобар стрелец во Трета лига регион 3, го следи фудбалер на Каменица Саса

По седум кола во Третата македонска фудбалска лига регион 3 правиме прв...

Втора лигаФудбал

Со три меча во сабота ќе се отвори 10. коло на Втора лига, в недела се играат четири натпревари

Десеттото коло на Втората македонска фудбалска лига е закажано за овој викенд,...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!