Трета лигаФудбал

Боби Божиновски дел од стручниот штаб на третолигашот ФК Илинден

Сподели
ФОТО: ФК Илинден
Сподели

Третолигашот Илинден продолжува со засилување на стручниот штаб, а ново име во тимот е искусниот Боби Божиновски, кој ќе биде дел од стручниот штаб на првиот тим.

Божиновски зад себе има богата фудбалска кариера, како на теренот така и во тренерските води, а неговото последно ангажирање беше во Македонија ЃП, каде што во изминатите шест месеци ја извршуваше функцијата прв тренер на тимот во Првата македонска фудбалска лига.

Неговото големо искуство, знаење и професионален пристап се очекува да бидат значаен придонес за третолигашот Илинден, кој со овој ангажман дополнително го засилува својот стручен тим.

Од клубот го потврдија ангажманот со порака дека Божиновски ќе биде важен дел од проектот на Илинден и ќе помогне во остварувањето на поставените цели во продолжението од сезоната.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

КупФудбал

ФК Вардар поднесе жалба за неправилен настап на фудбалер на Тиквеш

На 29 октомври 2026 година, во Фудбалската федерација на Македонија пристигнала жалба од ФК Вардар за наводен неправилен настап на фудбалер на ГФК...

Кошаркарска репрезентацијаРепрезентација

Пет кошаркарки го завршуваат својот репрезентативен ангажман

Покрај промената на селекторската позиција, женската сениорска кошаркарска репрезентација на Македонија ќе претрпи промени и во играчкиот состав. Пет кошаркарки кои во изминатиот...

Поврзани написи
КупФудбал

ФК Вардар поднесе жалба за неправилен настап на фудбалер на Тиквеш

На 29 октомври 2026 година, во Фудбалската федерација на Македонија пристигнала жалба...

КупФудбал

Судискиот одбор одговори на критиките по куп натпреварот Вардар – Тиквеш

Во врска со натпреварот меѓу ФК Вардар и ФК Тиквеш од Купот...

Трета лигаФудбал

Тоше Манов најдобар стрелец во Трета лига регион 3, го следи фудбалер на Каменица Саса

По седум кола во Третата македонска фудбалска лига регион 3 правиме прв...

Втора лигаФудбал

Со три меча во сабота ќе се отвори 10. коло на Втора лига, в недела се играат четири натпревари

Десеттото коло на Втората македонска фудбалска лига е закажано за овој викенд,...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!