Прва лигаФудбал

ФК Вардар расчисти со долговите – по осум години финансиска блокада, клубот е повторно активен!

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа
Сподели

Најтрофејниот македонски фудбалски клуб, ФК Вардар, конечно стави крај на долгогодишната финансиска блокада. Од клубот информираа дека сметката на клубот од 9 април 2025 година е целосно одблокирана, со што Вардар по цели осум години повторно функционира нормално и во согласност со сите законски прописи.

„Се информира јавноста дека сметката на АД ФК Вардар од 09 април 2025 година е одблокирана, со што клубот после цели осум години повторно функционира по сите законски норми и прописи“, стои во соопштението од клубот.

Оваа важна вест доаѓа како резултат на последователна исплата на обврски и расчистување на долгови во вредност од 31 милион денари кон неколку физички и правни лица, вклучувајќи и поранешни фудбалери и соработници.

Дарко Панчев – 4.134.855.00 денари.
Владица Брдароски – 8.759.744.00 денари.
Бендџамин Демир – 6.100.000.00 денари.
Михајло Костиќ – 8.834.415.00 денари.
Александар Игески – 935.353.00 денари.
Фитнес Инфинити – 2.014.562.00 денари.
ЕАМ ДОО Штип – 263.006.00 денари.

Со ова, Вардар прави огромен чекор напред кон стабилизирање на својата состојба и поставување на темели за посветла и поорганизирана иднина. Останува да се види како оваа финансиска слобода ќе се одрази на спортскиот дел и амбициите на клубот во наредниот период.

Виолета Јанчева, Спортска Мрежа

Сподели

Не пропуштајте

Ракометна репрезентацијаРепрезентација

Шведска ја запре Грција на 24 гола, Македонија во Халкида може да ѝ побегне четири бода

Грција ќе ја пречека Македонија без бодови во квалификациите за Европското првенство во 2028 година. Вечерва во Векше, грчките ракометари загубија од Шведска...

Втора лигаФудбал

Ѓорѓиев главен во Кочани, Смоквоски ќе им суди на Тетекс и Еуромилк, Јовановски патува во Новаци

Во сабота ќе бидат одиграни седумте натпревари од 11. коло на Втората македонска фудбалска лига. Сите мечеви ќе стартуваат во 13 часот. Познати...

Поврзани написи
✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!