Втора лигаФудбал

ФК Вардар Неготино: Брегалница треба да ја плати штетата со тушевите ако не оди на Дисциплинска при ФФМ!

Сподели
ФОТО: Александар Ванев, Спортска Мрежа
Сподели

Вардар Неготино со минимални 1:0 ја доби Брегалница на „Цвај арената“ во рамки на 24. коло на Втората македонска фудбалска лига, а овој пораз ги врати „сините“ два чекори назад во трката за директен влез во Прва лига.

Веднаш по поразот Вардар Неготино со соопштение информираше дека гостинот од Штип ги искршил тушевите во гостинската соблекувална, имаше и соопштение од Брегалница кое исто така го пренесовме, но сепак сега преку ново соопштение ФК Вардар Неготино најпрво ги демантираше обвинувањата на Брегалница, а како што се вели во соопштението ФК Брегалница ќе треба да ја плати штетата, доколку истата не се плати во рок од десет дена, тогаш ФК Брегалница ќе биде дадена на Дисциплинската комисија на ФФМ.

  • ЦЕЛОСНОТО СООПШТЕНИЕ НА ФК ВАРДАР НЕГОТИНО:

„ГФК Вардар Неготино најпрво, со најголема сериозност го демантира соопштението на ФК Брегалница кое беше објавено на нивната социјална мрежа, кое е полно со неточности, неосновани обвинувања и непрофесионален речник што не доликува на клуб кој се претставува како “реномиран и со традиција”. Наместо спортска самокритичност по неславниот настап на терен, ФК Брегалница избра да конструира наратив полн со теории на заговор, навреди и лични дисквалификации. Во интерес на јавноста, Ве известуваме дека денес од Дисциплинската комисија на ФФМ ни стигна соопштение во кое е наведено дека, цитираме:

„Согласно наводите во извештајот од делегатот на натпреварот од 24 коло Втора МФЛ ФК Вардар Неготино – ФК Брегалница 2008 – Штип, ДЕЛЕГАТОТ НА НАТПРЕВАРОТ изнесува Коментар: Коректна и фер атмосфера се до крајот на натпреварот кога после туширањето на гостите, домаќините пријавија два уништени туша. Ние како клуб, СМЕ задолжени да во рок од 3 (три) дена, доставиме фактура до ФК Брегалница, за надомест на штетата за скршените туша, а да по добивање на фактурата ФК Брегалница се ЗАДОЛЖУВА истата ја исплати во рок од 10 (десет) дена. Доколку истата не се плати во предвидените рокови, ФК Брегалница ќе биде дадена на Дисциплинска комисија на ФФМ.”

Од сето ова произлегува дека ФК Брегалница сепак, ИМА направено штета, а не дека се е исценирано од “домаЧините”. ГФК Вардар Неготино секогаш ќе стои зад вистината, фер-плејот и спортскиот дух – а не зад сенка на вештачки креирани инциденти“, се вели во соопштението на второлигашот од Неготино.


  • ВИДЕО ОД ИСКРШЕНИТЕ ТУШЕВИ ВО ГОСТИНСКАТА СОБЛЕКУВАЛНА НА СТАДИОНОТ ВО НЕГОТИНО:

Вардар Неготино со оваа победа над фаворитот од Штип го потврдува опстанокот во Втора лига, а пак Брегалница сега е пред многу тешка мисија да обезбеди враќање во елитата, па штипјани до крај немаат право на грешка, ако сакаат влез во елитата.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Втора лигаФудбал

ФОТО НА КОЛОТО: Новаци ја слави првата сезонска победа во Втора лига

Второлигашот Новаци ја забележа првата сезонска победа откако славеше на домашен терен над Детонит Плачковица со резултат од 3:1, извештајот на Спортска Мрежа...

Трета лигаФудбал

Чардак од Велгошти ја декласираше Преспа, битолско реми, Кравари со девет гола против Влазними

Денес беше комплетирано првото коло на Трета лига регион 5 откако вчера беше отворено со еден меч. Тимот на Кравари ја имаше највисоката...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

ФОТО НА КОЛОТО: Новаци ја слави првата сезонска победа во Втора лига

Второлигашот Новаци ја забележа првата сезонска победа откако славеше на домашен терен...

Трета лигаФудбал

Чардак од Велгошти ја декласираше Преспа, битолско реми, Кравари со девет гола против Влазними

Денес беше комплетирано првото коло на Трета лига регион 5 откако вчера...

Трета лигаФудбал

Дрита со „лото“ победа, Љуботен со убедлив триумф, три бода за Гостивар и Цетинска

Денес започна новата сезона во Трета лига регион 6 со натпреварите од...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!