Втора женска фудбалска лигаФудбал

ЖФК Башкими службено го доби мечот со ЖФК Менада, клубот од Тетово и фудбалерката пред Дисциплинска комисија

Сподели
ФОТО: ЖФК Башкими
Сподели

ЖФК Башкими 2024 службено го доби натпреварот со Менада од првото коло во Втората македонска женска фудбалска лига, откако Комисијата за женски фудбал при Фудбалската федерација на Македонија ја усвои жалбата на кумановскиот клуб.

Натпреварот одигран на 26 септември заврши со победа на Менада од Тетово со 0:4, но Башкими поднесе жалба поради неправилен настап на фудбалерката Ева Андонова.

Во жалбата, Башкими наведува дека Андонова настапила под друга легитимација, односно под името Софија Стефановска, која во записникот од натпреварот била заведена под број 7. Како доказен материјал клубот од Куманово доставил записник од натпреварот, видео снимки и фотографии од средбата.

Комисијата за женски фудбал при ФФМ ја усвои жалбата на Башкими, па натпреварот од првото коло меѓу Башкими 2024 и Менада е регистриран со службен резултат 3:0 во корист на Башкими.

Поддржи ја Спортска Мрежа со симболична донација и помогни ни да продолжиме со промоцијата на македонскиот спорт

Воедно, ЖФК Менада од Тетово и фудбалерката Ева Андонова се предадени на Дисциплинската комисија на ФФМ за понатамошна постапка. Тоа значи дека за случајот допрва треба да следи одлука од Дисциплинската комисија, која ќе одлучува за евентуалната одговорност на клубот и фудбалерката.

Со службената победа, Башкими сега има шест бодови по две одиграни кола и се искачи на делба на првото место со Ржаничино, кој исто така има максимални шест бода.



Топ Гол и Билјанини Извори се на третото и четвртото место со по три бода, но овие две екипи допрва треба да го одиграат меѓусебниот натпревар од второто коло, кој е закажан за утре.

Победа Валандово има три бода и се наоѓа на петтата позиција. Менада и Топ Грлс се без бодови, додека Плачковица од Радовиш е на минус три бода поради неиграњето на натпреварот од Купот на Македонија против Кочани.

Случајот со Менада и Ева Андонова сега продолжува пред Дисциплинската комисија на ФФМ.



Сподели

Не пропуштајте

КупФудбал

Стојанче Стојанов ќе им суди на Башкими и Шкендија Арачиново, Александар Грујоски на Вардар и Тиквеш

Познати судиите кои ќе ја делат правдата на мечевите од осминафиналето од Купот на Македонија. Утре ќе бидат одиграни седум натпревари кои стартуваат...

Трета лигаФудбал

Густо на врвот од табелата во Трета лига регион 6 – кои екипи конкурираат за есенски шампион ?

Одиграни осум кола во Трета лига регион 6, а трката за тоа кој да биде есенски шампион станува неизвесна, неколку екипи конкурираат за...

Поврзани написи
КупФудбал

Стојанче Стојанов ќе им суди на Башкими и Шкендија Арачиново, Александар Грујоски на Вардар и Тиквеш

Познати судиите кои ќе ја делат правдата на мечевите од осминафиналето од...

Фудбал

Почина Димитар Георгиев – Шеки, легендарниот фудбалски мајстор од Струмица

Струмичкиот и македонскиот фудбал останаа без уште едно големо име. Почина Димитар...

ФудбалФутсал

Форца преку Зекири и Чилафи убедлива против СЕЕ Университи, Шкупи славеше во Крива Паланка, Кеги Моби ја доби голеадата во Велес

Поранешниот шампион на Македонија, екипата на Форца забележа убедлива победа над СЕЕ...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!